Apple призна: Батеријата на iPhone се троши побрзо со iOS 15.4

Иако официјално признаа дека најновото ажурирање на оперативниот систем за паметни телефони предизвикува побрзо празнење на батеријата на телефоните iPhone, од Apple велат дека не треба да се грижиме, бидејќи тоа ќе се среди само од себе или со следното ажурирање.

 

По објавувањето на новата верзија на iOS на 15 март, многу корисници известија дека батериите на нивните телефони iPhone се трошат многу побрзо откако кога го инсталирале iOS 15.4. Apple официјално призна дека има проблем со поголема потрошувачка, но дека сето тоа ќе се реши само од себе.

Официјалниот профил за поддршка на корисниците на Apple на Twitter им кажа на корисниците дека тоа е сосема нормално и дека „потребни се 48 часа за апликациите и новите функции да се прилагодат по ажурирањето“.

URL

Ова наликува на шегата „кучето ми ја изеде домашната“, но се чини дека корисниците на Apple лесно можат да „голтнат“ сè што ќе им биде сервирано преку официјалните канали на компанијата.

Знаеме дека ништо поврзано со софтвер никогаш не може да се реши магично само од себе. Apple исто така вели:

„Ако се сеќавате на првиот пат кога сте го купиле вашиот паметен телефон и ги наместивте поставките, може да се сетите дека сте забележале дека батеријата работи непредвидливо во текот на првите неколку дена, што е затоа што апликациите понекогаш мора да се приспособат или малку да ‘си легнат на свое место’ по првата инсталација или по инсталирањето на нов софтвер, како што е случајот овде“.

Препораката на Apple од официјалните канали е да почекате неколку дена и потоа да процените дали iOS 15.4 троши повеќе од вашата батерија од претходната верзија на ОС. Се разбира, неколку ресетирања нема да бидат на одмет.

Сепак се чини дека Apple само купува време додека не го реши проблемот, кој магично ќе исчезне со iOS 15.5 верзијата која треба да пристигне за неколку недели, каде што едно од најголемите подобрувања ќе биде - подобра автономија.

Од друга страна, iOS 15.4 е едно од главните ажурирања на системот, бидејќи со себе ја донесе опцијата за скенирање лица и отклучување уреди дури и кога корисникот носи маска и очила, иако само на моделите iPhone 12 и 13.

Изгледа сепак ќе треба да почекаме да пристигне iOS 15.5.

Тагови
реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Мобилни

Батерија од 8.000 mAh: Новиот Honor ќе издржи користење цел ден и цела ноќ

Read more

Што ќе се случи ако не го користите вашиот Android телефон 3 дена?

Read more

Galaxy S25 и One UI 7 - револуција во корисничкото искуство

Read more

Навика при полнење што ви ја уништува батеријата на телефонот

Read more
 

Гик

Серијата книги Wheel of Time повторно ќе се претвори во игрица

Читај повеќе

OpenAI е подготвен да го купи Chrome од Google

Читај повеќе

Instagram има адут во трката со TikTok

Читај повеќе

Sony откри како го подобрил ладењето на конзолата PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Читај повеќе

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Читај повеќе

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Читај повеќе

Google блокирал пет милијарди реклами

Читај повеќе

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Читај повеќе