Археолошко чудо: Екстремната суша откри град стар 3400 години во реката Тигар

По неколку месчудоеци екстремни суши во Ирак, изгубен град стар 3.400 години повторно се појави и експертите го прогласија за археолошко чудо.

Ирак е една од земјите најтешко погодени од климатските промени, температурите таму се искачија до 45°C, не оставајќи им на жителите друг избор освен да црпат вода од резервоарот за наводнување во Мосул. Фотографиите ги прикажуваат неверојатните урнатини за кои се верува дека се дел од изгубениот град Закику, центарот на империјата Митани, кои се појавија по рекордната суша, пишува Newsweek.

Тим германски и курдски археолози побрзаа да ги ископаат и документираат урнатините пред водата во акумулацијата повторно да ги потопи. Благодарение на нивната брза реакција, тие открија повеќе од 100 древни глинени плочи, а некои сè уште се во нивните глинени обвивки.

URL

Еден истражувач го нарече откритието, и фактот што остатоците преживеале под вода толку долго, „археолошко чудо“. За кратко време, експертите мапираа обемен урбан комплекс кој датира од 1550 до 1350 година п.н.е. Покрај палатата, откриени се уште неколку големи градби - масивна тврдина со ѕидови и кули, катна магацинска зграда и индустриски комплекс.

Сите се исклучително добро сочувани, и покрај тоа што биле под вода повеќе од 40 години откако палатата беше поплавена кога беше изградена браната Мосул во средината на 80-тите. Операцијата ја водеа претседателот на Археолошката организација на Курдистан, д-р Хасан Ахмед Касим, д-р Ивана Пуљиз од Универзитетот во Фрајбург и д-р Петер Пфелцнер од Универзитетот во Тибинген.

URL

Градот првпат беше откриен во 2010 година, откако нивото на водата во регионот падна поради суша, а експертите го прогласија за археолошко чудо, но дури во 2019 година можеа да почнат да копаат.

Истражувачите се надеваат дека новите откритија ќе дадат важни информации за крајот на градот од периодот Митани и почетокот на асирското владеење во регионот. Градот сега е повторно целосно под вода, бидејќи нивото на водата во акумулацијата повторно се зголеми.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Вести

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Read more

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Read more

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Read more

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Read more
 

Гик

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе