Археолози тврдат: Го пронајдовме родното место на Свети Петар

Археологијата може да донесе интересни резултати на оние кои се занимаваат со неа. Така на пример, натпис пронајден на локалитет во близина на Галилејското Море ги доведе археолозите до теза дека е откриено местото на раѓање на Апостол Петар.

Според истражувачите кои го ископувале локалитетот Ел Араџ, натписот ја поврзува црквата која ја пронашле таму со црквата на апостолите на Исус, за која се верува дека стоела во Витсаида, родното место на браќата Свети петар и Свети Андреј.

Тоа рибарско село се споменува во Евангелието по Јован, каде се наведува дека тука се родил и Свети Филип заедно со споменатите двајца апостоли. Според истиот извор, во тоа село се случиле две чуда.

Во ископувањата е најдена базилика за која се верува дека е од византиски период, а откриен е и грчки натпис кој говори за „лидерот и заповедник на небесните апостоли“. Оваа фраза обично се поврзува со Свети Петар кој според евангелијата бил избран од Исус за прв лидер на црквата. За тимот, предводен од професорите Мордехај Авијам и Стивен Нотли, ова е доволно за да се заклучи дека е пронајдено родното место на апостол Петар и неговиот брат.

Не ги поколеба ни тоа што референците со кои се раководат потекнуваат пет века по раѓањето на Петар, бидејќи велат дека воспоставената врска меѓу Петар и базиликата е доволно силен доказ, како и фактот дека црквата е посветена на тој апостол.

Секако, ширум светот постојат цркви посветени на Свети Петар, но Ел Араџ е најсилен кандидат за местото каде стоела древната населба Витсаида. Јован тоа место во Евангелието го спомнува како град, но по денешните мерила тоа е всушност мало село. Со оглед на тоа што тројцата апостоли поврзани со Витсаида биле рибари, тоа ја намалува територијата на која живееле, околу подрачјето на Галилејското Море и реката Јордан.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе