Архитектот на титулата на Наполи оди кај омразениот ривал

Спортскиот директор Кристиано Џунтоли (51) е еден од најзаслужните за шампионската титула на Наполи оваа сезона, прва по 1990 година и ерата на Диего Армандо Марадона. Џунтоли важи за фудбалска енциклопедија во Италија бидејќи ги знае карактеристиките на неверојатен број играчи, а благодарение на неговите квалитети Наполи донесе неколку фантастични играчи како Хвича Кварацхелија, Виктор Осимхен и Ким Мин-џе.

Сепак, Џунтоли по девет години ќе го напушти Наполи на крајот на сезонава. Тој веќе му ја соопштил својата одлука на шефот Аурелио Де Лаурентис, објаснувајќи дека му треба нов предизвик.

Новиот предизвик во кариерата на Џунтоли ќе биде Јувентус, најомразениот клуб во јужниот дел на Италија. Италијанските медиуми се сигурни дека Џунтоли многу брзо ќе ја преземе функцијата спортски директор на торинскиот клуб.

Според првите информации од Италија, Џунтоли не е воодушевен од актуелниот тренер Масимилиано Алегри, кој заработува околу 7 милиони евра годишно. Од друга страна, Алегри исто така не е ентузијаст за новиот спортски директор бидејќи со тоа би се намалил неговиот авторитет околу распоредот на играчкиот кадар, бидејќи Јувентус во моментов нема спортски директор.

Јувентус моментално е втор во Серија А и се бори за освојување на Лига Европа каде во полуфиналето ќе се соочи со Севиља.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе