Наука

Астронаут направи неверојатни снимки на Земјата од вселената

6. декември 2017 - 9:28 | К.З.

Италијанскиот астронаут Паоло Несполи од Меѓународната вселенска станица ја сними поларната светлина – аурора бореалис, и потоа ја објави снимката на неговиот Twitter профил.

Беа сликани неколку фотографии, кои подоцна беа споени во кратко видео.

Несполи работи на Меѓународната вселенска станица во склоп на долготрајната мисија VITA, која е под надлежност на Италијанската вселенска агенција.

Италијанскиот астронаут направи неколку снимки вклучувајќи и поглед на Персискиот залив, но и на движењето на огнената топка према Земјата.

Аурора или поларна светлина е сјај на ноќното небо, воглавно видлив на високите географски ширини. На север оваа појава се нарекува Аурора бореалис (северна зора), додека на југ тоа се нарекува аурора аустралис (јужна зора).

Поларната светлина обично се појавува на небото во септември и октомври, или во март и април.

Коментирај