Минатиот месец американската астронаутка Пеги Витсон ја изведе нејзината осма вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица, поставувајќи рекорд со поминати 53 часа во вселенска прошетка.
Овој пат таа собори нов рекорд, со тоа што има минато 650 дена во вселената.
Претходниот рекорд му припаѓаше на астронаутот Џеф Вилијамс и се состоеше од 534 дена, 2 часа и 48 минути.