УЕФА ОДЛУЧИ

Атина и Вроцлав домаќини на наредните две финалиња во Конференциската лига

Финалињата на третото по ранг европско клупско натпреварување за сезоните 2023/2024 и 2024/2025 ќе се играат во Грција и Полска, во градовите Атина и Вроцлав.

По Тирана и Прага, каде се одиграа финалните натпревари Рома - Фејнорд во 2022 и Фиорентина - Вест Хем годинава, наредните две финалиња ќе се играат во грчката престонина Атина и полскиот град Вроцлав. Таква одлука донесе УЕФА и ја соопшти денеска.

Финалето во мај 2024 година ќе се игра на стадионот „Аја Софија“, кој е дом на атински АЕК и има капацитет од 31.100 гледачи. Поради спонзорство стадионот моментално се вика „ОПАП Арена“, но бидејќи УЕФА не дозволува комерцијални имиња во нејзините натпреварувања, стадионот за финалето ќе си биде со старото име.

Во 2025 година финалето ќе се игра на стадионот „Вроцлав“ во истоимениот град, дом на Шлонск, со капацитет од 45.105 гледачи. И тој поради спонзорство сега се води под името „Тарчињски Арена“.

URL

УЕФА ги послуша критиките на навивачите на кои им сметаше тоа што претходните две финалиња се играа на стадиони со помал капацитет, кој не надминува ни 20 илјади. Поради тоа, голем број навивачи од клубовите што играа на финалињата во Тирана и Прага останаа без билети.

Така, на финалето меѓу Фиорентина и Вест Хем на „Фортуна Арена“ во Прага имаше само 17.363 гледачи, а лани на „Арена Комб'таре“ во Тирана имаше 19.597 гледачи на Рома - Фејнорд.

Воедно, УЕФА донесе и одлука за промена на името на ова натпреварување, со тоа што ќе се избрише еден збор. Наместо Европа конференциска лига, натпреварувањето ќе се вика едноставно Конференциска лига. Промената ќе стапи во сила од сезоната 2024/2025. Шпекулациите велат дека УЕФА има намера во ова натпреварување да вклучи и тимови што не се од Европа, поконкретно богаташите од Саудиска Арабија. Но, за тоа времето ќе покаже.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе