Авионите во широк лак го заобиколуваат небото над Белорусија

Откако режимот на Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија, неодамна принуди патнички авион да слета во Минск за да може тамошната полиција да уапси млад опозиционер, повеќето авиокомпании оттогаш го заобиколуваат небото над Белорусија.

Меѓу првите авиокомпании што ја донесоа таа одлука беше Air France, но и нејзината подружница Air France KLM од Холандија. Истото го стори и финската авиокомпанија Finnair, како и Lufthansa, скандинавски SAS и така натаму.

Полската национална авиокомпанија Lot соопшти дека ги прекинала прелетувањата и летовите од и кон Минск, а украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека на украинските превозници им е забрането летање над Белорусија.

А како изгледа небото, односно воздушниот простор над Белорусија во овој момент, најдобро покажува овој приказ на прелетувања на авиони низ цела Европа. Воздушниот простор над Белорусија не е пожелен и очигледно е дека го користат само неколку авиокомпании.

За потсетување, западните земји ја обвинуваат Белорусија за киднапирање на авион на Ryanair, во кој во неделата беше новинарот Роман Проташевич. Летот од Грција до Литванија бил пренасочен поради наводна закана со бомба. Сепак, заканата беше лажна, а Проташевич беше уапсен по слетувањето во Минск, по што авионот го продолжи летот. Белоруските власти во понеделникот објавија видео од Проташевич, кое  се чини дека е снимено под присила. Белорусија е единствената европска земја што сè уште погубува затвореници.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе