Автономни возила направија хаос на улиците на Сан Франциско

Проблеми со конекцијата предизвикани од музички фестивал оставија десет автономни автомобили на компанијата Cruise заглавени на улиците на Сан Франциско.

Минатиов викенд компанијата Cruise имаше големи проблеми со своите автономни возила кои предизвикаа метеж на улиците на Сан Франциско. Станува збор за десетина возила на Cruise кои го блокираа сообраќајот во период од 15 минути, а на интернет брзо се проширија фотографии и видеа. Возилата се движеа нормално с додека серијата дефекти не резултираше со блокирање на сообраќајот околу улицата „Ваљехо“, како и улиците „Грент“ и „Колумбус“.

Да бидат работите уште полоши, инцидентот се случи еден ден откако комисијата во Калифорнија му дозволи на Cruise да работи во Сан Франциско и делови од округот Сан Матео 24 часа на ден.

URL

За среќа, немаше поголеми проблеми или повредени, а Cruise тврди дека проблеми со конекцијата се причина за инцидентот и гужвата, а тие се предизвикани од музички фестивал. Сепак, Одборот на супервизори во Сан Франциско смета дека метежот бил „опасен“ и дека овие возила не се подготвени за во шпицот. Исто така, претседателот на Управниот одбор смета дека е „страшно“ што на возилата им е потребен мобилна услуга за да излезат од сообраќајот и праша што ќе се случи за време на природна катастрофа.

„Голем фестивал постави ограничувања на безжичниот опсег што предизвикува одложено поврзување со нашите возила. Активно истражуваме и работиме на решенија за да спречиме ова да се повтори. Им се извинуваме на погодените“, објави Cruise.

URL

Градот го повика гувернерот да го засили надзорот врз автономните возила бидејќи државата одобрила нивна проширена употреба во градот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе