„Baby Driver“ доби искрен трејлер
Последното филмско остварување на режисерот Едгар Рајт конечно беше ставено под скалпелот на немилосрдните критичари од YouTube каналот Screen Junkies и конечно доби свој Искрен трејлер.
Со доза на хумор, но и реална критика, екипата на Screen Junkies направи Искрен трејлер за еден од најзборуваните филмови од минатата година, „Baby Driver“. Иако Оскарите не беа дарежливи кон Едгар Рајт и целата екипа која работеше на филмот, сепак публиката го ценеше ова филмско дело и ги наполни киносалите во периодот во кој тој се прикажуваше.