Balenciaga се извини за контроверзната кампања што се граничи со детска порнографија

Модната куќа Balenciaga упати јавно извинување по шокантната кампања која многумина ја протолкуваа како промовирање детска порнографија.

Да потсетиме, Balenciaga сподели серија фотографии од новата кампања на кои се гледаат девојчиња како држат плишани мечиња облечени во кожени ремени, јаки и мрежести кошули, додека на масата пред нив можеа да се видат празни чаши за вино.

Контроверзната кампања дополнително ја „заокружи“ една од фотографиите на кои се прикажани одлуките на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за законите за детска порнографија, а социјалните мрежи набрзо беа преплавени со бројни негативни реакции.

Многу корисници го сфатија ова како промоција на BDSM, односно вид на секс кој вклучува воспоставена динамика на моќ.

URL

Почна лавина остри коментари, по што модната куќа ги отстрани сите „докази“ за кампањата од профилот, па сега реши јавно да се извини.

„Најостро ја осудуваме злоупотребата на децата и никогаш не ни била намера такво нешто да биде дел од нашата приказна“, започнаа тие во соопштението на нивниот официјален Instagram и додадоа дека „преземаат одговорност“.

Потоа го „образложија“ својот потег.

„Во првата кампања, кампањата за собирање подароци, беа прикажани деца со чанти за плишано мече облечени во облека инспирирана од BDSM. Нашите чанти со плишано мече и колекција подароци не требаше да им бидат претставени на децата. Ова беше погрешен избор на Balenciaga, во во комбинација со нашиот неуспех да ги оцениме фотографиите, одговорноста за ова паѓа исклучиво на Balenciaga.

Втората, посебна кампања за пролет 2023 година, која имаше за цел да реплицира деловно канцелариско опкружување, вклучи фотографија со страница на пресудата на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави во 2008 во позадина, според која е незаконско и незаштитено од слободата на говорот да се промовира детска порнографија.

Сите предмети од оваа фотографија ги обезбеди трето лице кое писмено потврди дека таквите реквизити се лажни канцелариски документи. Се покажа дека станува збор за трудови кои најверојатно потекнуваат од снимањето на телевизиска драма. Вметнувањето на овие неодобрени ставки во документите е резултат на несовесното невнимание на кое Balenciaga поднесе жалба.

Ние ја преземаме целосната одговорност за нашиот недостаток на надзор и контрола на документите во позадина и можевме да ги направиме работите поинаку“, велат тие.

Компанијата додаде дека „внатрешни и надворешни истраги се во тек“ и дека работат на имплементација на посилни протоколи во нивните креативни процеси и „чекори за валидација“.

„Ги поставуваме основите со организации кои се специјализирани за заштита на децата и имаат за цел да стават крај на злоупотребата и експлоатацијата на децата. Сакаме да учиме од нашите грешки и да идентификуваме начини на кои можеме да придонесеме. Уште еднаш сакаме да се извиниме за навредата што ја предизвикавме и да им се извиниме и на нашите партнери со кои соработуваме“, заклучуваат во соопштението.

Инаку, познатата модна куќа поднесе тужба од 25 милиони долари против компанијата North Six и сценографот Николас Дес Жардин, кој ја дизајнираше споменатата кампања.

Тагови
реклама

Стил

Ќерката на Моника Белучи потсети на мајка ѝ додека снимаше реклама во Рим

Read more

Иранска манекенка во знак на протест во Кан облече фустан: За нашиот народ

Read more

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Read more

Како Југословенките се дотеруваа во 60-тите?

Read more
 

Магазин

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Читај повеќе

Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Читај повеќе

Како доаѓа до предозирање со алкохол и какви последици по здравјето може да остави?

Читај повеќе