Барса го отпушти Виктор Валдес

Поранешниот голман на Каталонците од денес не е повеќе тренер на тимот до 19 години и тоа, меѓудругото, поради конфликт со Патрик Клајверт.

Заврши авантурата на Виктор Валдес како тренер во Барселона. На 19 јули почна со У19 тимот со амбиции еден ден да стане новиот Гуардиола, но кратко траеше. Низата несогласувања со останатите фаци околу тимот го чинеа предвремен крај.

Патрик Клајверт е главен во академијата на Барселона и несогласување со поранешниот холандски голгетер не е на арно. Капакот го прелеа инсистирањето на Валдес тимот да игра во формација 4-4-2 наместо онаа 4-3-3 која ја користат сите тимови на Барса.

Првиот проблем кој го направи Валдес всушност беше во август кога реши да го повлече тимот од Отен Купот, холандски традиционален турнир за млади играчи. Сметал дека времето за одмор помеѓу натпреварите било лошо организирано. „Голем е ризикот од повреди, а постои и ризик од нешто поозбилно, нешто поврзано со срцето. Поради тоа решив да донесам таква одлука. Ја разбирам одговорноста која тоа ја носи“, изјави тогаш Валдес.

Валдес не се појавувал на состаноците за тренери кои ги води Франсиско Сеирул·ло (да, се пишува со точка), ниту пак доаѓал на заедничките вечери. Се бунел и за употребата на стадионот „Јохан Кројф“ бидејќи неговиот тим ретко имал прилика да игра на него.

„Првиот ден кога го видов тој преубав стадион, се возбудив. Мислев дека тоа ќе биде наш стадион, но, еве не е така иако и натаму се борам за него“, велеше Валдес.

Клајверт му замерувал на Валдес и поради тоа што одредени играчи немале доволно минутажа иако челните луѓе на клубот ги сметале за многу талентирани. Гвинеецот Мориба Курума е еден од таквите, а проблем за Валдес е и што не го користеше доволно дури ни кога тимот кој сам го бираше бележеше слаби резултати.

Наредниот проблем кој го направи Валдес резултираше и со санкција од УЕФА. Тој го прекрши правилото за доаѓање на стадион два и пол часа пред натпревар кога против Интер во средата пристигна со закаснување од цел час. Причината за доцнењето била што Валдес се зазборувал со играчите.

Поранешниот голман направи проблем и со клупскиот ПР кога не доби стол и маса на прес-конференција. Во Барса сметаат дека тренерите мода да ја извршуваат својата должност со медиумите и стоејќи, ако тоа го налагаат условите, како што прави Чави Гарсија Пимента, тренерот на Барса Б.

37-годишниот Валдес се пензионираше пред две години, а за Барса играше до 2014 година собирајќи 535 настапи и освојувајќи сѐ што може да се освои вклучувајќи и три трофеи во Лигата на шампиони.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе