Барти ја освои титулата во Мајами

Мајами, 31 март 2019 (МИА) – Ешли Барти го постигна најголемиот успех во кариерата, откако ја победи Каролина Плишкова со 7:6 (1), 6:3 во финалето на турнирот во Мајами. Таа триумфираше по речиси 100 минути игра.

Плишкова ја елиминираше Симона Халеп во претходниот круг и го започна самоуверено финалето, поведувајќи со 3:1. Постепено, сепак 12-тата носителка го подигна нивото и со моќни сервиси успеа да го израмни резултатот и да го донесе сетот до тајбрејк. Во него клучниот момент беше една исклучителна кратка топка, по која Барти доминираше целосно и со 7: 1 во поени го освои првиот сет.

Ова, исто така, и даде доверба на 22-годишната тенисерка, која во вториот сет го користеше својот совршено моќен форхенд. Таа прва стигна до брејк, а на свој сервис и дозволи само 2 поени на ривалката.

На крајот, вториот брејк го потврди успехот на Барти, којa ја освои својата четврта ВТА титула. Исто така, го обезбеди својот прв влез во топ 10 на светот, каде што следната недела ќе биде под број 9.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе