Баскијците организираа голем протест, сакаат поголема автономија: Ова е историја!

Макфакс
/ 20.11.2023 / 08:18

Околу 28.000 демонстранти излегоа на улиците на Билбао, баскиски град во северна Шпанија, барајќи статус на „нација“ за Баскија. Протестот беше организиран од партијата ЕХ Билду, која се залага за независност на автономната покраина со 2,2 милиони жители, една недела откако шпанскиот премиер Педро Санчес и вети на Баскија поголема автономија. „Ние сме нација“, гласеше транспарентот на чело на колоната од луѓе кои веат зелено-бело-црвени баскиски знамиња.

По изборите пред четири месеци, социјалистот Санчез во четвртокот освои нов четиригодишен мандат, бидејќи неговата малцинска левичарска коалициска влада беше поддржана од ЕХ Билду и Баскиската националистичка партија (ПНВ).

За возврат, тој вети дека ќе и даде статус на „нација“ на Баскија, на што поборниците за независност инсистираат со децении, и побара од Брисел да ги направи баскискиот, каталонскиот и галицискиот официјални јазици на Европската унија. „Мандатот на новата влада ќе биде обележан со дебата за мултинационалноста и националното признавање на Баскија, како и на другите народи во државата Шпанија“, изјави Аналдо Отеги, лидер на ЕХ Билду.

„Ова е историски момент… Во прашање е импулсот што го охрабруваме со децении народите (во Шпанија) да бидат слободни и еднакви“, додаде тој.

Овој политичар беше поврзан со поранешната баскиска вооружена сепаратистичка група ЕТА, која од 1959 до 2011 година се обидуваше да ја воспостави Баскија на северот на Шпанија и југоисточниот дел на Франција преку бомбашки напади и вооружени напади.

Договорот што Санчез го направи минатата недела со застапниците за независност во Баскија и Каталонија, на кои им беше ветен закон за амнестија за организирање на забранет референдум за независност во 2017 година, предизвика револт кај десницата на Шпанија.

Во Мадрид во саботата, 170.000 демонстранти се собраа под слоганот „Не во мое име“, обвинувајќи го Санчез за предавство. Вечерта дел од демонстрантите, шеснаесетти ден по ред, дојдоа пред седиштето на неговата социјалистичка партија, каде се судрија со полицијата, која ја чува зградата зад железните огради.

Шпанската десничарска партија Вокс, трета по големина во парламентот, повика на продолжување на протестите во наредните денови. Нејзиниот лидер Сантијаго Абаскал од плоштадот во Мадрид изјави дека Санчез спроведува „државен удар“.

Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез и помалиот левичарски партнер на коалицијата Сумар имаат 152 членови во 350-члениот парламент. За да ги добијат потребните 176 гласа, тие ќе се потпрат на поддршката на сепаратистичките партии на Баскија, Каталонија и Галиција.

Тие три автономни провинции имаат своја влада, парламент и полиција од 1978 година, а нивните официјални јазици се кастилјанскиот и шпанскиот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе