Басконија ќе го повлече дресот на Луис Скола

Кошаркарскиот клуб Басконија ќе го подигне дресот на Луис Скола под сводовите на „Буеса Арена“ пред натпреварот од шестото коло на Евролигата со Партизан, кој ќе се одигра в петок.

Скола беше кошаркар и капитен на баскискиот клуб кога го носеше името Тау Серамика.

Крилниот центар го носеше дресот на шпанскиот клуб од 2000 до 2007 година и за него одигра 447 натпревари (303 во шпанското првенство и 144 во Евролигата).

Само тројца кошаркари забележале повеќе настапи за Басконија во клупската историја.

Овој клуб на ниту еден играч не му ја направи честа да го повлече „неговиот“ број, но веќе три дреса се наоѓаат под сводовите на арената.

Во прашање се петката на Пабло Приџони, дресот со број 8 што го носеше Игор Ракочевиќ и деветката на Серхио Видал.

Приџони ја имаше таа чест во 2017 година, додека Србинот и Шпанецот чекаа до 2020 година.

Со тогашниот Тау Серамика, Скола го освои шпанското првенство во 2002 година, 3 Копа дел Реј, во 2002, 2004 и 2006 година, како и 3 Суперкупа. Скола беше незаменлив дел од тимот кој учествуваше на фајналфорот на Евролигата во 2005, 2006 и 2007 година.

Басконија со учинок 1-4 ја отвори сезоната во Евролигата, поради што неодамна беше сменет претходниот тренер Џоан Пенароја, па беше ангажиран Душко Ивановиќ.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе