Бектеши: Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не

Топлинска енергија од 15 октомври ќе има за сите потрошувачи во град Скопје без разлика дали ќе работи или нема да работи когенеративната електрана ТЕ-ТО, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Ако не работи ТЕ-ТО во делот на производство на електрична енергија со чиј нус производ се обезбедуваат 60 до 70 отсто од производството на топлинска енергија за градот Скопје топланите Исток и Запад со набавката на гас ќе ја покријат целата потрошувачка во делот  на топлинска енергија која ја има во градот Скопје. Ако работи ТЕ-ТО топланите Исток и Запад ќе работат со помал интензитет, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по официјалното пуштање во употреба на соларната електрана на ГЕНИ со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово.

Нагласи дека со моменталните цени на електричната енергија на регионалната берза ХУПЕКС на компаниите кои се на слободниот пазар им е поевтино да набават струја од увоз отколку да ја произведе ТЕ-ТО.

-Ако ја земеме во предвид моменталната цена на природниот гас од 1500 евра за 1000 нормални кубни метри, цената на производство на електрична енергија од ТЕ-ТО ќе биде околу 280 евра по мегават час. Цената, пак, на берзата на ХУПЕКС моментално е 200 евра за мегават час што значи дека на компаниите на слободниот пазар им е подобро да увезат струја отколку да ја преработи ТЕ-ТО, прецизира Бектеши.

Посочи дека јавно ги повикал одговорните во топланата Скопје Север, која е во стечајна постапка, да се обратат до ЕСМ за набавка на природен гас.

-Ако имаат законска можност можат директно да се обратат и до Макпетрол за набавка на гас, рече Бектеши.

Нагласи дека како одговорна Влада до Собранието веќе доставиле измени на Законот за стокови резерви со цел да се обезбедат алтернативни енергенси доколку има проблеми во снабдувањето со гас поради последните настани во војната во Украина.

-Со Република Бугарија имаме договор да не се затвораат прекуграничните капацитети за електрична енергија што е многу важно за стабилноста на електроенергетскиот систем во нашата држава. Голема работа заврши и премиерот Димитар Ковачевски со бугарскиот претседател Румен Радев со која е договорено до крајот на неделава да се зголемат капацитетите на постојниот гасовод што го имаме со Бугарија за да можеме да користиме и други извори во делот на снабдување со природен гас, истакна Бектеши и како алтернативни ги посочи ЛНГ терминалите во Грција и во Турција.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе