„Bigger“ – инспиративна приказна за развојот на бодибилдингот
Пристигна трејлерот за филмот „Bigger“, кој на филмското платно ќе ја донесе инспиративната приказна за развојот и подемот на бодибилдингот. Филмското остварување на Џорџ Гало ги следи сториите на Џо и Бен Вајдер, основачите на најпознатото бодибилдинг натпреварување – Mr. Olympia.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Тајлер Хохлин, Анеурин Бернард и Џулијан Хох, додека во филмот се појавува и Калум Фон Могер во улогата на петкратниот освојувач на Mr. Olympia, Арнолд Шварценегер.