Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир, преку вонредно соопштение се обрати до верниците и почитувачите на манастирот, во врска со богослужбата за Света и Велика Пасха.

– Возљубени верници и почитувачи на Бигорскиот манастир. Ве известуваме дека со оглед на тоа што полицискиот час за Велигден е укинат, манастирот нема да врши директен пренос на социјалните мрежи на богослужбата за Света и Велика Пасха, бидејќи на верниците им се дозволува да отидат во храмовите, под услов да ги запазат предвидените мерки за здравствена заштита, стои во соопштението.

Се додава дека во контекст на ова, а и поради фактот што препорачаниот капацитет на манастирскиот соборен храм е речиси пополнет со бројот на монасите, монахињите од сестринските манастири, штитениците и луѓето што престојуваат во манастирот, ќе биде обезбеден пренос на богослужбата на голем видео-екран што ќе биде поставен во дворот.

– На овој начин сите што ќе дојдат во Воскресенската ноќ ќе имаат можност да го следат во живо Пасхалното торжество. Ви посакуваме добро Воскресение на сите, се порачува во соопштенето.

Инаку, минатата година поради пандемијата братството на Бигорскиот манастир и сестринството од манастирот во Рајчица, без присутво на верници, освен затекнатите по прогласувањето на мерките за изолација, отслужија богослужби за Велики петок и Велика сабота.

Вечерната богослужба со симнувањето на Христа од крстот, полагањето на светата Плаштаница, погребението Христово и полагање на светата Плаштаница во Кувуклијата и оплакувањето на Христа преку директниот пренос беше проследена од над 250.000 луѓе од целиот свет.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе