Енергетски компании на Бил Гејтс и Ворен Бафет го одбраа Вајоминг за лансирање на првиот Natrium нуклеарен реактор, пренесе Guardian.
TerraPower, основана од Гејтс и електроенергетската компанија PacifiCorp во сопственост на Ворен Бафет, соопштија дека наскоро се очекува да биде познато точното место на кое ќе се наоѓа реакторот Natrium.
Овие напредни реактори кои користат поинакви горива од традиционалните реактори некои ги сметаат за важна технологија која без јаглен ќе може да ги надополни природните извори на енергија и ќе ги намали емисиите кои предизвикуваат климатски промени.
„Мислиме дека Natrium ќе ја промени играта во енергетската индустрија“, изјави Гејтс на прес-конференција во Вајоминг.
„Ова е најбрзиот и најјасен пат да го искорениме јагленот“, изјави гувернерот на Вајоминг Марк Гордон, кој додаде дека нуклеарната енергија е дел од неговата стратегија за енергија.
Проектот предвидува побрз реактор и ќе чини околу милијарда долари.
Сепак, некои експерти за нуклеарна енергија предупредија дека напредните реактори може да донесат поголеми ризици од конвенционалните.