ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Било каква чкртаница и гласачкото ливче е неважечко

Низ интернет медиумите се појавија куп лажни вести кои ги наведуваат гласачите да заокружат или чкртнат нешто плус на гласачкото ливче, а со тоа намерно да изнудат нивните ливчиња да бидат неважечки со цел да поништат колку што е можно повеќе гласови од противничкиот табор.

Оваа предизборна кампања беше дефинитивно една од најлошите досега, ако не и најлоша. Повеќето рекламни спотови на партиите служеа да го омаловажат конкурентот, отколку да понудат некое решение за вистинските проблеми во земјава.

И по почнувањето на предизборниот молк, кампањата продолжи во поинаков правец. Сега преку лажните вести се наведуваат гласачите при гласањето покрај заокружувањето на редниот број на партијата за која ќе гласаат, да чкртнат или да заокружат уште нешто плус. БИЛО КАКВА ЧКРТАНИЦА ОСВЕН ОНАА НА РЕДНИОТ БРОЈ НА ПАРТИЈАТА ЗНАЧИ НЕВАЖЕЧКО ЛИВЧЕ.

Се појавија написи дека сите што се против новото име на државата, да го чкртнат зборот Северна на гласачкото ливче, со изговор дека само така ќе им се важи гласот. Доколку направите такво нешто, вашето ливче ќе биде неважечко и џабе сте излегле на гласање. Доколку вашето ливче по гласањето има РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА тогаш вашиот глас ќе биде неважечки.

Потоа излезе друга верзија. Сите оние кои го одобруваат новото име, треба на гласачкото ливче да го заокружат зборот Северна за ливчето да им биде важечко. Заокружете го и џабе сте гласале, ќе ви биде неважечко, а вие насамарени.

Заклучок: Секаква друга чкртаница освен заокружување на редниот број на партијата за која гласате го претвора ливчето во неважечко. Вашиот глас нема да се брои за партијата за која сте гласале, туку ќе се вброи во неважечките ливчиња.
Тагови
реклама

10 август 1913, Со Букурешкиот договор била поделена Македонија

Read more

Голема експлозија и во Русија

Read more

Видра скокна на брод бегајќи од орка кит

Read more

Осветлен и раззеленет, стадионот во Прилеп предаден на општината

Read more

Теми и коментари

За јавните личности и приватните газиња

Read more

Било каква чкртаница и гласачкото ливче е неважечко

Read more

Протоколи за градинка од жанрот Sci-Fi

Read more

Каде сте инфлуенсери, помина Моден викенд Скопје

Read more

Ново

Откако го пропушти Санчо, Јунајтед ќе го брка Даглас Коста

Читај повеќе

Активни 3.327 случаи со COVID-19, нема оправдување за тие кои не носат маска

Читај повеќе

Сончево со умерена облачност, температури до 35°C

Читај повеќе
  • play_arrow

Видра скокна на брод бегајќи од орка кит

Читај повеќе

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Читај повеќе
  • filter

Осветлен и раззеленет, стадионот во Прилеп предаден на општината

Читај повеќе

Либанската Влада поднесе оставка, но протестите продолжуваат

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Без договор за нова влада заврши средбата Заев-Ахмети, разговорите продолжуваат

Читај повеќе