Благ пораст на бројот на новозаразени, вкупно 101.762 случаи во КОВИД-годината

Со статистиката од вчера за новите 554 заразени, корона-годината во земјава е заокружена со 101.762 дијагностицирани. Од ланскиот 26 февруари, кога беше откриен првиот случај и е почеток на епидемијата кај нас, направени се 516.169 тестирања за COVID-19. Оздравени се 90.895, а починаа 3119 пациенти.

Како и во регионот, критично беше во есенскиот, втор бран, кога покрај високиот број новозаразени дневно, беа и деновите со најбројни смртни случаи: 40 на 16 ноември и 46 на 9 декември 2020. Минатата пролет трката во светот беше за респиратори, а сега главен предизвик се вакцините и начините и напорите да се набават.

Од најавуваните три механизми, засега во земјава се стигнати само вакцините Pfizer што ни ги отстапи Србија и се наменети за медицинскиот кадар ангажиран за ковид-пациентите. Нивната имунизација почна пред десет дена, а за помасовна се чекаат пратките од кинескиот Sinopharm и вакцините од Pfizer од договорот склучен со овој производител. Дотогаш граѓаните може да пријавуваат само интерес за примање вакцина, на веб-страницата vakcinacija.mk и кај матичните лекари.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека е одложено за неколку дена доаѓањето на кинеските 200.000 вакцини, првично најавени за средината па за крајот на месецов. Соопшти дека е потпишан договорот за набавка на руската вакцина Sputnik V и дека течат разговорите со производителот, а за да се забрза набавката се ангажирал и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

За кинеските Sinopharm и за вакцините на Pfizer во тек се финални прашања, рече министерот, напомнувајќи дека треба да се остави резерва зашто досега се покажало  дека производителите секогаш имаат дополнителни прашања.

Во меѓувреме, се бележи лесно зголемување на бројот на заразени и раст на РО-факторот на преносливост на 1,3. Според Филипче, тоа се должи на собири на јавни места и во угостителски објекти, а со убавото време, рече, многу граѓани не носат заштитни маски и не ги почитуваат мерките за дистанца.

Анализата на вирусот кај новодијагностицираните покажала дека кај 70 проценти  се работи за т.н. британски сој. Најмногу има во Кавадарци, Прилеп и Охрид, каде што, според вчерашната статистика, се и најбројните активни случаи по Скопје (Прилеп има 604, Кавадарци – 559, Охрид – 403).

Министерот на прес-конференцијата кажа дека се прави анализа по региони и кога ќе биде завршена ќе се види дали ќе бидат препорачани дополнителни рестриктивни мерки, дали ќе има за одделни градови и региони и нешто што ќе важи за територијата на целата држава.

-Сега не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или е само некој минибран кој се случува овие денови, изјави Филипче.

Во болниците низ земјава (на инфективните оддели и во ковид-центрите), се хоспитализирани 675 пациенти заразени или сомнителни на коронавирусот, од кои 253 во главниот град и 422 во другите градови. Министерството за здравство соопшти дека има 370 празни болнички кревети.

Од 554-те нови случаи во вчерашниот здравствен билтен, кои се потврдени од 3477 тестирања, 258 се од Скопје. Вчера беа евидентирани и осум починати луѓе, на возраст од 64 до 77 години,. Оздравени се 210, а активни во целата земја се 7748 случаи, од кои речиси половина (3421) се во Скопје.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе