Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години.

Оваа одредба, како што појасни тој, ја користи врз основа на прибавување нови докази.

Барањето, како што рече, е поднесено поради нови околности и докази што не биле употребени во доказната постапка.

„Случајот ‘Рекет’ не е расчистен. Тој случај треба целосно да се расчисти, сите инволвирани да одговараат, а јавноста, конечно, да дознае што точно се случувало и каде се парите. Затоа, денеска, официјално, во Основниот кривичен суд поднесувам барање за повторување на кривичната постапка со името ‘Рекет’“, истакна тој.

Рече дека поседува цврсти докази, кои набргу ќе ги приложи, посочувајќи го експремиерот Зоран Заев дека е човекот што комуницирал директно со сите лица што биле кривично засегнати со постапките на СЈО.

„Обвинителката Вилма Рускоска презентира само две-три пораки што сум ги разменил јас со тогашниот премиер Зоран Заев, а токму од тие две-три пораки излегува дека Зоран Заев знаел за случајот ‘Рекет’, но во една позитивна афирмативна смисла, односно дека тој е човекот што го бранел законот. А јас ќе ви кажам дека тој е сè, само не е човекот што го бранел законот. Значи, Зоран Заев беше човекот што комуницира директно со сите лица што беа кривично засегнати во постапките на специјалното јавно обвинителство. Зоран Заев беше човекот што од позиција на моќ имаше реален авторитет и можеше да влијае врз многу постапки и влијаеше врз многу постапки“, посочи Јовановски.

Појасни дека зад случајот „Рекет“ стоела една политичка констелација на притисоци.

„Јас сум единствениот цивилен граѓанин во ова општество што е суден за кривично дело што е предвидено за лица што вршат службена положба. Досега се судени Сашо Мијалков и Никола Груевски, третиот суден по ова кривично дело сум јас, но разликата е тоа што тие вршеле службена положба, а јас сум бил цивилен граѓанин“, изјави тој.

„Барам да ми биде дадена шанса во фер постапка, а не искривоколчена и избрзана, да ги докажеме материјалната вистина и фактичката состојба, т.е. што навистина со случувало во фамозниот ‘Рекет’, случај зад кој стоеше цела констелација на политички притисоци“, додаде Јовановски.

Тој истакна дека притисоци му биле вршени и во пресрет на денешната прес-конференција, но, како што рече, воопшто не се плаши и ќе продолжи и понатаму да зборува.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more
 

Вести

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе