Болдвин нишанел кон камера кога ја усмртил Хачинс

Алек Болдвин го носел револверот со себе и го вперил кон камерата за време на проба на снимањето на филмот „Rust“, кога оружјето испукало и ја погодило во градите директорката на фотографија Халина Хачинс, се наведува во судскиот документ објавен синоќа.

Писменото сведочење дава дополнителни детали за случајното пукање во Ново Мексико, во кое во четвртокот беше убиена 42-годишната Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

Кога на Болдвин му бил предаден пиштолот му било кажано дека е безбеден за употреба, беше објавено претходно во судските документи на властите во Санта Фе.

„Соуза рече дека Алек седел на клупа во црквата и вежбал да го вади пиштолот од појасот. Тој исто така рече дека Хачинс гледала преку неговото рамо кога слушнал нешто што звучело како камшик, а потоа силен истрел“, се вели во соопштението.

Хачинс била погоден во пределот на градите, се наведува во документот.

„Џоел нејасно се сеќава дека Халина се жалела на болка во стомакот и го фатила за торзото. Тој исто така рече дека почнала да се тетерави наназад и така паднала на земја“, се додава во соопштението. Хачинс рекла дека не може да ги почувствува нозете, им кажал на официјалните лица Рид Расел, снимател кој стоел покрај неа во моментот на пукањето.

По малку изгубениот Болдвин беше фотографиран во саботата пред хотел во Санта Фе како се гушка и разговара со Мет Хачинс, сопругот на починатата и нивниот деветгодишен син.

Во говорот на комеморацијата, Мет ја нарече смртта на неговата сопруга „огромна загуба“.

Засега никој не е обвинет за фаталниот инцидент што се случи за време на пробата на ранчот Бонанца Крик во близина на Санта Фе во четвртокот, но канцеларијата на шерифот ја продолжува истрагата.

Неколку медиумски извештаи изразија загриженост за безбедносните протоколи при снимањето на нискобуџетниот филм, а Соуза и Расел потврдија дека пред несреќата снимателската екипа го напуштила објектот наводно поради загриженост за недоволната безбедност на сетот.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Филм & ТВ

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Read more

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Read more

Официјален трејлер за The Night Agent

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе