Борељ: Немаме намера да ги одвоиме Северна Македонија и Албанија

Шефот на ЕУ дипломатијата, Жузеп Борељ, изјави попладнево дека со министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ процесот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Западниот Балкан за првпат после две години денеска се најде на агендата на министрите за надворешни работи, соопшти Борељ и додаде дека нема да дозволи да поминат повторно две години без да се дебатира за регионот – клучен за Европската Унија.

Во воведниот говор тој се осврна на Северна Македонија откако се појавија бројни шпекулации дека Скопје и Тирана би можеле да бидат одвоени доколку не се отстрани ветото на Бугарија.

– Имаше согласност во Советот денес дека е потребно забрзување на процесот на реформи поврзани за ЕУ во регионот, сакаме исто така да се забрза процесот на приклучување кон и немаме намера да ги одвојуваме Северна Македонија и Албанија, изјави шефот на европската дипломатија по состанокот со 27-те министри за надворешни работи на ЕУ.

Борељ нагласи исто така дека Европската Унија е загрижена поради изјавите за одвојување на Скопје и Тирана и дека ставот во Советот не е променет по ова прашање.

На прашање на МИА дали блокадата за Северна Македонија ги декредибилизира обидите на ЕУ да биде поприсутна на Западен Балкан, Борељ одговори дека двете страни треба итно да изнајдат заеднички прифатливо решение.

– Имавме разговор за ова денес, ја слушнавме Бугарија и ги охрабруваме двете страни итно да изнајдат заеднички прифатливо решение. Условите се исполнети, земјите-членки се одлучија да ги отворат преговорите за Северна Македонија и се надеваме дека Меѓувладината конференција ќе се свика што е можно побрзо по усвојувањето на преговарачката рамка, министрите за надворешни работи на земјите-членки се заложија да туркаат силно за свикување на првата Меѓувладина конференција и да ја усвојат рамката, изјави Борељ попладнево на прес-конференцијата по Советот за надворешни работи на ЕУ.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе