Борељ предлага да се запленат руските резерви во корист на Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жузеп Борељ, рече дека земјите на ЕУ треба да размислат за запленување на замрзнатите девизни резерви на Русија за да ги насочат средствата за обнова на Украина.

Во интервју за Finansial Times, шефот на европската дипломатија потсети дека Соединетите Американски Држави претходно ја презедоа контролата врз имотот во вредност од милијарди долари што ѝ припаѓаат на авганистанската централна банка, делумно за да ги обесштетат жртвите на тероризмот, како и за хуманитарна помош во земјата. Според него, би било можно да се разгледаат такви чекори со руските резерви.

„Би ја поддржал идејата бидејќи звучи логично“, изјави Борељ за весникот.

Тој нагласи дека прашањето за финансирање на обновата на Украина е клучно политичко прашање, со оглед на „неверојатната сума“ што треба да се обезбеди. Претставници на ЕУ веќе испитуваа дали руските резерви би можеле на кој било начин да се искористат за обнова на Украина, но досега Брисел не дал никакви предлози за ова прашање.

Претходно, гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, изјави дека како резултат на санкциите на Западот, околу 300 милијарди долари од девизните резерви на Русија се замрзнати.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе