Ноќта од саботата кон неделата се одиграа само три натпревари во НБА лигата, а победи славеа Орландо, Бостон и Минесота.

Бостон Селтикс го совлада Њујорк Никс со 116:102, благодарение на Џејлен Браун кој постигна 30 поени, додека Кристапс Порзињѓис додаде 22, а Џејсон Тејтум го заврши натпреварот со 19. Дерек Вајт постигна 13 поени, Џру Холидеј додаде 12, а двоцифрен беше и Ал Хорфорд со 10 поени.
На другата страна најдобар беше Џејлен Брансон со 34 поени, Џош Харт додаде 16, а двоцифрени беа и Донти ДиВинченцо со 12 и Мајлс МекБрајд со 11 поени.
Минесота продолжи со одличните игри сезонава, па сега го победи Бруклин Нетс со 101:86. До победата ги предводеше Ентони Едвардс со 29 поени, додека Карл-Ентони Таунс додаде поен помалку. Мајк Конли го заврши натпреварот со 14 поени, а двоцифрен постигна и Кајл Андерсон со 12.
На другата страна Камерон Томас беше најдобар со 18 поени, додека Мајкал Бриџис додаде 15. Николас Клекстон го заврши мечот со 12 поени, а Дориан Фини-Смит 11, додека двоцифрен беше и Камерон Џонсон со 10 поени.
Орландо Меџик се помачи со најслабата екипа сезонава воопшто, Детроит Пиостон, кој има скор од само 8 победи и сега дури 48 порази, но славеше со 112:109 на гостински терен.
Поените кај гостите беа прилично еднакво распоредени бидејќи Паоло Банчеро постигна 15, Џејлен Сагс, Германците Франц Вагнер и Мориц Вагнер по 14, Кол Ентони со 13, Гери Харис и Џонатан Ајзас по 12, а Вендел Картер 11.
Најефикасен на паркетот беше Кејд Канингем од Детроит со 26 поени и 7 скока, а кај домаќините се истакнаа и Италијанецот Симоне Фонтекио со 17 поени, Џејлен Дурен со дабл-дабл од 16 поени и 11 скокови и Французинот Еван Фурние со 13 поени. Никој друг од Детроит не постигна двоцифрен број на поени.
Резултати:
Детроит Пистонс - Орландо Меџик 109:112
Њујорк Никс - Бостон Селтикс 102:116
Минесота Тимбервулс - Бруклин Нетс 101:86
Табела: