„Божиновски часовници и накит“ ги презентираше Swatch POP часовниците

Swatch е швајцарски бренд кој во 1983 година направи револуција во класичното часовничарство со претставувањето на првиот пластичен часовник изработен во Швајцарија. Одеднаш, часовниците не беа веќе начин само како да се мери времето. Станаа нов начин на тоа како да се прикажеме себе си, без зборови.

Уште од своите почетоци, Swatch бил поврзан со модерната уметност. Swatch часовниците се уметничко дело самите по себе. Воедно се и уникатен медиум за модерната уметност и начин да се покаже креативноста на свој и посебен начин. 

Кога инспирација на Swatch ќе се сретне со креативноста на уметниците, се добиваат уникатни дела. Едни од тие дела се специјалните фотографии кои Иван Петрушевски ФЛИМ (FLIM) ги изработи инспириран од разиграниот и откачен Swatch POP часовник.

FLIMxSwatch е селектирана серија на фотографии кои ги оживуваат Swatch POP часовниците во реалност и даваат нова димензија за тоа што го перципираме како реалност и фантазија.

Срцето на колекцијата Swatch Pop се девет часовници кои се дизајнирани за да гарантираат ослободување на вашата имагинација и креативност

Три се црно-бели часовници дизајнирани имајќи ги на ум графичките дизајнери кои секогаш ги ценат чистите форми и линии. Три се колоритни креации кои наместо бројки, имаат конфети и три се уникатни дизајни кои ќе го уловат секој поглед. Спојот на неонските бои и ПОП арт е она што дополнително ги истакнува овие часовници, покрај куќиштето кое лесно се вади. Секој од часовниците е спакуван со специјален додаток кој ви овозможува да го однесете вашиот Swatch POP на нова досега невидена дестинација за него.

Часовниците беа презентирани во петокот на 20 мај во Концепт37 од страна на нивниот ексклузивен застапник за Македонија БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ. На самиот настан беа прикажани и фотографиите на графичкиот дизајнер и илустратор Иван Петрушевски ФЛИМ. Гостите уживаа во атмосферата на оваа уникатно интересна забава со познатиот ДЈ Чваре. 

Невозможно е да се предвиди каде овие колоритни мерачи на времето ќе се појават следниот пат. Swatch POP е уникатен медиум за да ја искажете вашата креативност и доказ дека сѐ е можно.

Компанијата „БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“ постои на македонскиот пазар веќе 20 години, со продажни салони во Скопје и во Битола, како и мрежа на агенти низ државата. Тие се горди претставници за швајцарските брендови за часовници и накит: Swatch, Calvin Klein, Tissot, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlanc и други.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе