Бразилец е првиот ФИФА судија кој јавно призна дека е геј

Бразилскиот судија Игор Беневенуто е првиот реномиран судија кој јавно прозборе за својата сексуална ориентација.

Овој 41-годипшен делител на првдата е со знакот на ФИФА, односно значи дека може да суди на меѓународни натпревари, клупски и репрезентативни. Тој за време на гостувањето во подкастот „Nos Armários dos Vestiários“ на Globo Esporte ѝ откри на јавноста дека е геј, изјавувајќи дека е среќен што конечно може да биде она што навистина е.

„Фудбалот е спорт кој длабоко го мразев додека растеав. Не можев да ја поднесам околината, мачизмот и предрасудите маскирани како шега. За да преживеам во кругот на деца кои живееја на терен играјќи топка, создадов лик, една извајана верзија од себе. Фудбалот беше 'машка' работа, а јас уште од мали нозе знаев дека сум геј. Не постоеше посовршено место за криење на мојата сексуалност. Но, играњето не беше трајна опција, па затоа тргнав на единствениот можен пат: станав судија“, раскажа Игор.

Игор Жуниу Беневенуто џи Оливејра е судија со знакот на ФИФА од 2021 година и тоа како помошник во ВАР собата.

„Нас, геј во фудбалот, нѐ има многу. Насекаде сме. Но, 99,99% се кријат. Има судии, играчи, тренери, оженети, со деца, разведени, со двоен живот... Има секакви. Се препознаваме. Се шегувам дека постојано имаме вклучен Wi-Fi и дека се поврзуваме со друг и без да сакаме. Ние постоиме и го заслужуваме правото да зборуваме за тоа, да живееме нормално“, додаде.

Излегувањето во јавност го поздрави и ФИФА: „Го поздравуваме и го поддржуваме судијата Игор Беневенуто и нековата одлука да излезе јавно. Како пшто сме потенцирале и во други случаи, ФИФА цвртсто верува дека фудбалот е за секого. А стремежот на Игор да биде она што што навистина е е важен момент за фудбалот во Бразил и во другите држави ширум светот. Се надеваме дека неговата одлука ќе охрабри и инспирира поширока разноликост и прифаќање во оваа убава игра“.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе