Британија нема да воведува вакцинарен пасош: Тоа би било дискриминација

Министерот за вакцинација на Обединетото Кралство негира дека британската Влада има во план воведување на пасош за вакцинирани од COVID-19.

Прашан синоќа од Sky News, Надим Захауи ги отфрли шпекулаците дека во Обединетото Кралство се подготвува воведување на таканаречен ковид-вакцинарен пасош со кој лицата кои ќе ја примат вакцината ќе уживаат во старото нормално за разлика од оние невакцинираните за кое и натаму ќе постојат рестриктивни мерки.

Тој објасни дека лицата кои ќе ја примат првата доза од вакцината ќе добијат картичка од Министерството за здравство со нивното име на неа, датумот на примањето на првата доза и датумот кога треба да ја примат втората и дека тоа е сѐ што Владата моментално го има на ум.

„Верувам дека она што треба да се направи е да се осигураме дека луѓето кои ќе дојдат да се вакцинирата ќе то направат тоа затоа што сакаат, а не дека на некој начи тоа им е наложено со некаков пасош“, рече Захауи.

Периодов на социјалните мрежи Британците буквално полудеа откако се рашири веста дека Владата ќе воведува ковид-пасош. Дури и се отпочна онлајн петиција со која се бара Владата да се откаже од намерата за воведување на такво нешто, а досега над 67 илјади граѓани се имаат потпишано.

„Не планираме да воведеме таков пасош во Обединетото Кралство. Сакам да го повторам ова бидејќи на социјалните мрежи ми дојде преку глава. Дефинитивно немаме намера да воведеме такво нешто во програмата за вакцинација“, јасно стави дознаење министерот.

реклама

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе