Британски научници открија дека ракот има способност бескрајно да еволуира

Научниците открија дека остатоци од вируси, кои се кријат во човечката ДНК милиони години, му помагаат на телото да се бори против ракот. Покрај тоа, тие изјавија дека ракот има можност за бесконечна еволуција.

Според истражувањето на британскиот институт „Френсис Крик“, станува збор за остатоци од вируси што се будат, т.е. што реагираат кога ќе се појави канцерогена клетка. Така, имунолошкиот систем го напаѓа туморот.

Ова откритие е наменето да се користи за развој на вакцини за подобрување на третманот на ракот или дури и спречување на неговото појавување. Забележана е поврзаност помеѓу подобри шанси за преживување од рак на белите дробови и дел од имунолошкиот систем наречен Б-клетки, кој е концентриран околу туморот.

Б-клетките се дел од човечкото тело кои произведуваат антитела и се попознати по нивната улога во борбата против инфекции, како што е коронавирусот.

„Излегува дека антителата препознаваат остатоци од она што се нарекува ендогени ретровируси“, вели Џулиан Даунворд, помошник директор за истражување на Институтот „Френсис Крик“.

Ретровирусите ги даваат своите генетски упатства на човечкото тело. Некои од овие упатства им дозволуваат на клетките да имаат корисни цели, но другите упатства се строго контролирани за да не се шират. Порано имало силна контрола на ретровирусите, но таа контрола повеќе не постои.

Антителата ги поттикнуваат другите делови на имунолошкиот систем да се борат со заразените клетки. Всушност, имунолошкиот систем се обидува да ги отстрани клетките на ракот. Професорот Џорџ Касиотис смета дека е фасцинантно што ретровирусите можеби предизвикувале рак кај нашите предци, но сега нè штитат од рак.

Истражувањето, кое беше објавено во научното списание Nature, ја утврди речиси бесконечната способност на ракот да еволуира. Ова ги натера истражувачите да бидат повеќе посветени на прашањата за превенција од рак, бидејќи неговото ширење тешко се запира, пишува BBC.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе