Царовска на средба со СОНК: Синдикатот е наш важен партнер, заеднички ќе ги спроведеме реформите

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес се сретна со претседателот на СОНК Јаким Неделков и други претставници од синдикатот. На состанокот се разговараше за претстојниот реформски процес во основното образование и за предложената нацрт-концепција, соопштија од Министерството.

Претставниците на СОНК и министерката се согласија дека реформите во образованието се нужни и навистина треба да се направат, но и потенцираа дека синдикатот е важен парнер во носењето на новата концепција и спроведувањето на реформите.

Министерката Царовска истакна дека овој процес требало да се случи уште пред една деценија и дека секој ден доцнење е на директна штета на учениците и на идните генерации.

За првпат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни и ќе се најде баланс во предлозите со цел да се направат реформи во најдобар интерес на децата, стои во соопштението.

„Со предложената концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење кои во моментот може да си ги дозволат само дел од граѓаните, а наставниците ќе добијат слобода во организирањето на наставата, но и кариерен развој и можности за унапредување“, рече Царовска.

Од Министерството потсетуваат дека реформата „не ја правиме од денеска за утре, тука таа е резултат на широка консултација и на долгогодишни меѓународни и домашни анализи, но и ставови на наставници, родители и ученици“.

Mинистерството за образование и наука ги продолжува дебатитите и консултациите за Нацрт-концепцијата. Во дебатата за концепцијата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК и регионалните претставништва на СОНК, експерти, професори и други засегнати страни и меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, британска и швајцарска амбасада, Делегација на ЕУ. Сите изразија поддршка затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование.

Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред околу една година и е дел од владината програма.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе