Чао Бену: Леталото Osiris-Rex се враќа на Земјата со примероци од астероидот

Американското вселенско летало Osiris-Rex вчра ја напушти орбитата на астероидот Бену, од кој лани собра примероци прашина, и го почна долгото патување назад на Земјата.

Вселенското летало вчера изврши успешен маневар, активирајќи ги дополнителните генератори за да може сондата да се намести на точната траекторија кон Земјата. Инженерите од Центарот Локид Мартин во Литлтон, Колорадо, потврдија дека дополнителните генератори работеле седум минути.

Пред неа е голема оддалеченост што мора да ја помине пред да слета во пустината во Јута на 24 септември 2023 година, каде ќе испушти капсула полна со примероци од астероидот Бену. Сега ѝ следи двегодишно патување во ќе помине растојание од 2,3 милијарди километри.

Remote video URL

Osiris-Rex „се оддалечува од Бену со брзина поголема од 600 милји на час“ на пат кон дома, рече Данте Лаурета, шеф на мисијата, во видеопреносот на НАСА од настанот. Сондата од астероидот носи повеќе од 60 грама примероци.

Вселенското летало беше лансирано кон астероидот Бену од Флорида во 2016 година и влезе во неговата орбита во октомври 2020 година, со што стана првото вселенско летало што некогаш кружело околу астероидот. Потоа започна операцијата со висок ризик.

Сондата постепено се приближуваше до астероидот и ја издолжи роботската рака со уред за земање мостри. Таа стапи во контакт со астероидот неколку секунди кога уредот ја допре негвата површина, предизвикувајќи експлозија на компримиран азот доволно силен за да крене прашина од површината, која потоа беше заробена во посебен резервоар.

Научниците од НАСА беа изненадени кога дознаа дека роботска рака потона неколку сантиметри во површината на астероидот, што сугерира дека „површините на таквите астероиди можат да бидат прилично меки“, рече Лаурета.

Собрани повеќе примероци од планираното

Токму поради ова, беа собрани повеќе примероци отколку што првично беше планирано, па вратата на резервоарот се заглави. Мисијата за малку ќе пропаднеше.

Но, инженерите на крајот успешно ги затворија и ги преместија скапоцените примероци во капсула прикачена во средишниот дел на леталото.

Osiris-Rex остана со астероидот Бену неколку месеци и го проучуваше кратерот на површината и сега конечно се враќа на Земјата.

Remote video URL

Откако ќе ја испушти капсулата во атмосферата на Земјата и ќе слета во областа Јута, леталото ќе остане во вселената, а доколку му остане доволно гориво, НАСА би можела да го испрати на нова мисија.

Откако ќе се најдат на Земјата, примероците ќе бидат пренесени во вселенскиот центар на НАСА „Џонсон“ во Хјустон, но научниците ќе анализираат само 25 проценти, а останатите 75 проценти ќе останат недопрени за да можат да ги проучуваат идните генерации експерти од целиот свет, кои веројатно ќе имаат понапредна технологија, објави агенцијата.

Анализата треба да им помогне на научниците подобро да го разберат потеклото на Сончевиот Систем и развојот на Земјата како планета на која има живот.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе