Четири работи кои никогаш не треба да ги правите во Амстердам

Како и секаде, има некои работи што треба и не треба да ги имате на ум при посетата на најпознатиот холандски град и престолнина на државата. Многу водичи и пребарувања на Google можат да ви кажат што да правите и локациите што треба да ги видите. Оваа листа е малку поинаква. Еве 4 работи што не треба да ги правите во Амстердам.

Не сликајте жени во прозорци

Едно од најпопуларните населби што туристите ги посетуваат во Амстердам е Де Вален, озлогласениот кварт на црвените светла. Како најстара област во градот, таа е полна со историска архитектура, живописни канали и улици од калдрма. Но, тоа не е она што ги привлекува туристичките орди. Тие се тука да ги разгледаат салоните на проститутките кои се изложени како стока на пазар. Некои само сакаат да зјапаат во застрашувачкиот спектакл на сето тоа. Меѓу заинтересираните купувачи ќе видите глутници пијани момци, љубопитни парови, гужва. Гледајте, но не фотографирајте ги девојките кои тоа го работат. Тоа овде е строго забрането. Ако ве фатат додека го правите тоа, може да завршите во притвор.

Внимавајте со сините светла во Де Вален

Не е голем шок што Де Вален е познат како кварт на црвените светла, бидејќи секс кабините се буквално осветлени со црвени светла. Сепак, може да забележите дека неколку прозорци се облеани во сина светлина. Ова укажува дека трансродова сексуална работничка е зад стаклото. Не сите клиенти се свесни за ова, а некои добиваат малку повеќе изненадување отколку што очекуваат. Меѓутоа, ако навистина барате такво искуство, одете кон сино светло.

Не палете цигара во кафуле

Некои посетители се изненадени кога откриваат дека, иако можете легално да запалите џоинт во кафуле во Амстердам, не можете да пушите цигара во јавност во затворен простор. Марихуана да, но не и тутун. Некои места замижуваат пред ова, а неколку имаат одредени места за пушење подалеку од другите корисници. Сепак, многу други ја спроведуваат казната против пушење.

Не прифаќајте колачиња од странци

Постои една позната улична измама во која некој пријателски странец ќе ви понуди примамливо колаче. Често е убава Холанѓанка, убаво момче или фигура на баба што ве шармира да мислите дека ова е едноставно холандско гостопримство. Сепак, печеното уживање содржи некои незгодни состојки и додека сте во алкохолизирана состојба, вашите вредни работи ги нема. Слични измами како оваа се случуваат низ целиот свет, но ова е специјална амстердамска каде треба да се биде внимателен. Само следете ги стандардните совети на мама и не прифаќајте слатки - или други десерти - од непознати.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Вести

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Read more

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Read more

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Read more

Што се случило со вагонот во кој било потпишано примирјето во Првата светска војна?

Read more
 

Гик

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Читај повеќе

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Читај повеќе