СЕРИЈА А 2021/22

Четирите причини за падот на Милан

Милан собра само 7 бода во поседните шест натпревари, па La Gazzetta dello Sport направи анализа на причините кои стојат поради овој пад во формата.

Тимот на Стефано Пиоли во неделата го претрпе својот трет пораз сезонава, овој пат од Наполи и тоа со голот на нашиот Елиф Елмас, а всушност втор во последните пет натпревари во Серија А.

Тоа доведе да сега биде на 4 бода зад лидерот Интер и 8 пред Рома, Јувентус и Фиорентина, кои го делат 5. место и ја меркаат водечката четворка заради пласман во Лигата на шампиони.

Воедно, Милан се соочи со елиминација од Лигата на шампионите и крај на европската сезона завршувајќи последен во силната група со Ливерпул, Атлетико и Порто.

Оттаму, што се крие зад лошата форма на Милан?

Повреди

Пиоли се справува со низа на повредени играчи. Ситуацијата со Симон Кјер е сигурно најзагрижувачка бидејќи проценките велат дека сезоната за Данецот е завршена поради повреда на коленото.

Тео Ернандес, Давиде Калабрија, Анте Ребиќ и Рафаел Леау се вон теренот, иако и Наполи беше без Марио Руи, Фабиан Руис, Лоренцо Инсиње и Виктор Осимхен.

Gazzetta потенцира дека ќе биде многу тешко да се најде замена за Кјер во јануарскиот преоден рок, особено поради неговиот одличен карактер.

Стил на игра

Вториот проблем е начинот на игра, односно стилот. Милан беше некако премногу растегнат на последните натпревари, особено против Наполи.

Тимот загуби темпо, Раде Круниќ беше ставан да игра на премногу различни позиции во офанзивата, а настапите на Тео се далеку од оние од минатата сезона.

Милан стана лесно читлив за противниците и поради падот во форма на Брахим Диас. Шпанецот нема постигнато гол по враќањето после ковидот, од кога запиша само две асистенции.

Стари напаѓачи

Според Gazzetta, Милан направил грешка со доведувањето на 35-годишниот Оливје Жиру. Французинот и Златан Ибрахимовиќ (40) заедно имаат 75 години.

Сезонава често се повредени, а истото важи и за Пјетро Пелегри, кој е каде-каде помлад од двајцата, но исто така се мачи со повреди.

Франк Кесие

Gazzetta веќе и претходно пишуваше како формата на Кесие значително бележеше пад изминативе месеци. Договорот на Брежанецот истекува на крајот од сезонава, а никако да потпише нов. Милан му понуди 6,5 милиони евра по сезона, но неговиот агент бара плата од 8-9 милиони годишно.

Најтиражниот италијански весник, препознатлив по розевата хартија, вели дека несигурната иднина во комбинација со притисокот од медиумите и навивачите влијае врз неговите игри.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе