Четврти случај на делта сојот во државава, вакцините штитат од потешката форма на болеста и од смрт

Четврти случај на индискиот делта сој на коронавирус е потврден во државава. Пациентот е со лесна клиничка слика и се лекува во болницата во Велес. Според здравствените власти, засега не се планираат мерки во однос на штитењето на границите од делта сојот, но деновиве, најдоцна до почетокот на следната недела ќе го имаат конечниот став.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека државите во регионот треба да имаат поорганизиран пристап во однос на ширењето на делта сојот. Тој вчера посочи дека ќе разговара со колегите министри од земјите во регионот за да заземат заеднички ставови.

Во делот на клиничката слика, сè уште нема точни податоци дали има потешка клиничка слика како што имаше британскиот сој кога се појави. Некои публикации, укажуваат дека нема, но Филипче смета дека сè уште е рано тоа да го потврдат.

Министерството за здравство вчера соопшти дека ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран за COVID-19. По направените анкети со пациентите било утврдено дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани.

– Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој осум-девет дена откако појавил симптоми на COVID-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација, информираа од МЗ.

Во болниците во моментов нема притисок, ниту за прегледи. Од вчера во болницата во Битола не се лекува ниту еден пациент, а во Охрид само уште едно лице.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје регистрирани се 16 нови случаи со COVID-19 од 2.873 тестирања. Од нив четири во Тетово, по три во Скопје и Струмица, два во Куманово, и по еден во Прилеп, Гостивар, Охрид и Струга. Починати пациенти не се регистрирани, а оздравеле четворица.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројот на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а на активни случаи изнесува 142.

Од следната недела треба да почне теренската вакцинација против COVID-19. Ќе ја организира секој директор на здравствен дом, во зависност од бројот на жители во помалите места.

Во однос на ефикасноста на вакцините, Филипче нагласува дека дефинитивно штитат од потешки форми на болеста и од смрт. Оваа недела, како што соопшти вчера, се вакцинираат над 60 илјади граѓани кои се пријавени за вакцинација. Сите граѓани кои од сега натаму ќе се пријават, вакцинацијата ќе се закажува во пунктовите во здравствените домови и во поликлиниките во Скопје.

– Во салите ќе продолжи ревакцинацијата заклучно со последните денови од јули, за во август да функционираат пред сè здравствените домови и поликлиниките, појасни Филипче.

Во државата вкупно се аплицирани 613.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 232.595 граѓани.

Министерството за здравство вчера реагираше на дел од објавите и пренесените ставови во медиумите дека кинеската вакцина Sinovac не штити од делта сојот и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина.

– Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува. Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции. Досегашните анализи и официјални инофрмации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51 проценти при заштита на асимптоматските случаи и штити 100 отсто од развој на тешка форма на болеста, велат од МЗ.

Министерот Филипче вели дека се уште е рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Тоа ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу од епидемиолошката ситуација во земјава.

– Најважно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година, изјави вчера Филипче по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе