Чистка во Mercedes

Повеќе од половина од достапните модели ќе бидат укинати.

Mercedes минатата година најави нова деловна стратегија, чија цел е намалување на трошоците, но и насочување на инвестициите исклучиво во сегментот на најлуксузните модели. Моделите на почетно ниво ќе останат, но понудата треба да се преполови.

Приказната сега ја потврди и американскиот Car & Driver, кој во разговор со бројни менаџери дознава дека „од 33-те каросериски модели кои Mercedes моментално ги нуди во Европа и САД, само 14 ќе преживеат“.

Звучи како вистинско „крвопролевање“, а веста е особено лоша за љубителите на два сегмента. Да, купеата и караваните ќе бидат први на удар, модели на кои веќе не им оди толку добро на пазарот. S класа coupe и cabrio веќе добија пресуда, додека coupe од класата C и E ќе бидат заменети со еден модел - CLE.

Веќе следната година CLS ќе биде повлечен од понудата, а со тоа и панданот на AMG, GT-4 Door. Кога станува збор за теренците, GLC и GLE ќе имаат уште едно coupe издание, а потоа тие верзии ќе бидат пензионирани.

Кога станува збор за караваните, караванот C класа ќе оди во пензија во 2028 година, а поголемата комби верзија од класата Е ќе се повлече за две години. CLA добива Shooting Brake верзија во 2025 година, но ќе биде и последна.

Еден функционер на Mercedes рече: „На крајот на денот, едноставно не ни треба караван или понуда со две врати со лоша километража за ги зголемиме количините“. Со други зборови, Mercedes ќе ги прекине моделите кои се само локално успешни.

Autocar дознава дека следниот E63 ќе биде plug-in хибрид, што значи дека наместо V8 ќе добие шестцилиндричен мотор и електромотор. Станува збор за вкупно повеќе од 700 КС, но и многу вишок килограми.

Ова значи дека Mercedes ќе „влезе во брзина“ само во смисла на луксуз. Станува сè понедостапен, а во исто време оние со подлабок џеб ќе имаат уште поголем избор. Така наводно доаѓа уште едно купе со четири врати, Maybach го најави SL, а се споменува и SUV моделот GLG. Поради зголемениот интерес, Maybach би можел да се прошири за првпат да ја вклучи класата V, а има и голем број електрични новитети. Конечно, тука е под-брендот Mythos.

А кога станува збор за електричните модели, Mercedes ќе го зголеми нивото во новата транша новитети. Во однос на батериите, зборуваме за капацитет од 150 kWh и домет до 800 км.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе