„Чудовиште со апетит“ – црна дупка што може да го голтне Сонцето за два дена

Астрономите открија црна дупка со најбрза стапка на ширење досега најдена во вселената. „Чудовиштето со апетит“, како што ја нарекоа, расте толку брзо што за два дена би можела да „голтне“ маса еквивалентна на Сонцето, објави CNN.

Истражувачите од Австралискиот национален универзитет прв и ја открија оваа супермасивна црна дупка, позната и како квазар, која благодарение на телескопот Sky Mapper е означена како потенцијално интересен вселенски објект.

Користејќи ги податоците на Европската агенција за истражување на вселената, утврдија колку е оддалечена црната дупка. Открија дека се потребни повеќе од 12 милијарди години за да може млазот на црната дупка да стигне до Земјата.

Ова е најсјајниот квазар виден досега, неколку илјадници пати посјаен од нашата галаксија, вели астрономот Кристијал Вулф.

Црните дупки ги замислуваме како најтемните објекти во вселената кои голтаат сѐ пред себе, па дури и светлината, но оваа е особено сјајна, токму поради нејзиниот голем „апетит“.

Се проценува дека оваа црна дупка е 20 милијарди пати поголема од Сонцето. Волф додава дека првично била 5.000 пати поголема од Сонцето и дека другите црни дупки се сѐ на сѐ 50 пати поголеми од нашата најголема ѕвезда. Токму поради тоа научниците се прашуваат како оваа црна дупка станала толку масивна.

„Можеби ова ни кажува нешто за необичните процеси поврзани со Биг бенгот. Што навистина се случило таму уште е нејасно“, додава Волф.

Тој истакнува дека најверојатно има повеќе вакви црни дупки во вселената и дека има за цел да истражи со колкав проблем потенцијално се соочуваме.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе