CNN: Луѓето во Газа јадат трева и пијат нечиста вода, може да умрат од глад

Макфакс
/ 30.01.2024 / 18:07

Борбите се интензивираат околу најголемата болница во Газа, која сè уште работи, но ќе пропадне доколку не стигне поголема помош, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Повеќето болници во Газа веќе престанаа со работа поради бомбардирање и недостиг по повеќе од три месеци израелска офанзива предизвикана од нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Болницата „Насер“ во Кан Јунис во Централна Газа функционира на минимум и е опкружена од израелската армија, соопштија Обединетите нации.

„Ситуацијата околу 'Насер' само се влоши, пукање, борби во близина, тешкотии за луѓето да дојдат или да си одат од болница“, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер на брифинг во Женева.

Во болницата се засолнуваат илјадници прогонети, лекари и пациенти.

СЗО соопшти дека гладни толпи денеска нападнале пратка со храна наменета за болница поради доцнење во близина на израелски контролен пункт. На крајот храната не стигнала во болница.

Си-ен-ен објави дека луѓето во Газа јадат трева и пијат нечиста вода и се изложени на висок ризик од глад и смрт.

Друга пратка со гориво на СЗО за „Насер“ не беше пуштена вчера, иако пристигна медицинска помош, рече Линдмајер.

„Одбивањето и одложувањата се дел од шемата што спречува хуманитарните резерви да стигнат до болницата и може да ја направат нефункционална“, додаде тој.

Опишувајќи ја болницата како „клучен симбол“, Линдмајер рече дека некои операции биле извршени на подови.

СЗО претходно соопшти дека половина од медицинскиот персонал побегнал и дека само двајца од 24 лекари останале таму.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more
 

Вести

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе