Црвена аурора бореалис - зошто е реткост и како настанува?

Силната сончева бура која за време на викендов удри во магнетното поле на Земјата направи спектакл на небото над нас.

Некогаш, луѓето верувале дека небото ишарано со црвена поларна светлина е застрашувачки знак кој предвидува трагедија и крвопролевање. Денес, научниците ја знаат причината за овој редок феномен, но она што не го очекуваа е дека по последната сончева бура аурората ќе биде видлива дури на југ до Франција и централните делови на САД.

URL

Приказната за аурорите започнува на Сонцето. Тоа делува како огромна електрана, каде што енергијата се генерира длабоко во неговото јадро, каде што температурата се зголемува на повеќе од 14 милиони степени Целзиусови. Притисокот е толку голем што атомите на водород се комбинираат за да создадат друг елемент: хелиум.

Оваа нуклеарна активност ослободува енергија, а во некои случаи силните магнетни полиња успеваат да ја пробијат површината, која потоа се лади и се појавуваат темни сончеви дамки. Електрично наполнетиот гас - плазма, уште повеќе го влече магнетното поле нанадвор, па се протега и се извртува, за на крајот да пукне.

Од Сонцето се одвојуваат неколку милијарди тони плазма бранови и се создава сончев ветер кој може да достигне брзина од 8 милиони км/ч, а потоа за 18 часа стигнува до Земјата. Тука се случува магијата.

Невидливиот штит - земјиното магнетно поле, го одбива сончевиот ветер. Магнетните полиња се компресирани, па гасот влегува низ дневните страни на магнетното поле и се формира дневната поларна светлина. Магнетните полиња потоа се заоблуваат и се спојуваат, но магнетните „гумички“ се прекршуваат, а гасот на сончевиот ветер тече назад кон половите на Земјата, кои потоа ја создаваат ноќната поларна светлина.

Повеќето знаат за зелена аурора, но како настанува црвената?

Во зависност од тоа во кој дел од атмосферата наелектризираните честички се судираат со кислородот, светлината што потоа се емитува ќе биде со различни нијанси. Кога судирот ќе се случи високо во атмосферата, тогаш се создаваат зелени нијанси. Доколку електроните имаат доволно енергија да навлезат подлабоко во атмосферата - тие се судираат со азот и испуштаат сини и розови бои, кои ги гледаме како виолетови.

URL

Меѓутоа, кога ќе се појават екстремно моќни соларни бури кои продираат до височини од 200 до 300 км и се судираат со кислород, гледаме црвени ленти. Овој пат сончевата бура беше толку моќна што ги изненади дури и научниците, а поради нејзиниот интензитет геомагнетната бура беше видлива од Шкотска, Исланд и Холандија сѐ до југот на Франција. Таа потоа го продолжи своето патување во Северна Америка.

URL

Научниците истакнуваат дека во текот на оваа година во февруари е забележана слична појава на црвена поларна светлина, но нејзината појава вака далеку на југот на континентите е речиси невидена. Тоа сведочи за силата на сончевите бури кои се приближуваат до својот врв. Тоа значи дека во блиска иднина би можеле да видиме повеќе извонредни феномени на поларната светлина.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе