Д-р Скано од СЗО: Состојбата е загрижувачка, но може да се стави под контрола

Советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, д-р Фабио Скано изрази загриженост од она што се случува во Република Северна Македонија со COVID-19. Но, рече дека ситуацијата може да се стави под контрола, со масовно тестирање, идентификување на случаите, нивните контакти и нивно изолирање. Тој порача дека граѓаните и Владата треба да соработуваат и да не се дозволи да се влоши состојбата, која ќе бара ригорозни карантински мерки.

– Ова што го гледаме во моментов во Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до пронаоѓањето на делотворна вакцина, не смееме да се опуштиме, односно да го спуштиме гардот. Дејствата што ќе се преземат овие денови, но и во неделите и месеците кои претстојат ќе бидат критично важни со цел да се спречат случаите на новозаразени и да се спасат човечки животи. Оваа моја посета на вашата земја, се случи токму навреме. Она што го гледаме низ светот укажува на заклучокот дека вирусот нема наскоро да си замине, напротив, тој брзо се шири и коси животи и треба да направиме сè што е потребно да му се спротивставиме на проактивен начин, односно да бидеме пред него, истакна д-р Скано.

Тој рече дека од понеделникот, кога пристигнал во Скопје, остварил многу средби, меѓу кои со претседателот на државата Стево Пендаровски, со Комисијата за заразни болести, како и со претставници на верските заедници. Тој потенцира дека е импресиониран од пожртвуваноста на здравствените работници, кои неуморно работат за заштита на граѓаните од COVID-19.

– Ставањето во функција на структурите за одговор, се случи рано, уште пред да се појави првиот случај. Почнуваме со силниот капацитет на тестирање, кој овозможи идентификување на пациенти уште во раните фази на пандемијата, агилното пренаменување на здравствените установи за лекување на болните од COVID-19, што овозможи пациентите да бидат згрижени, како и раните мерки за заштита на постарите луѓе во старечките домови, со што се спречи голем број на смртни случаи, нешто што се случи во другите земји. Имаме целосно разбирање дека социо-економските последици од јавно здравствените мерки предизвикуваат загриженост оти директно влијае врз животот и егзистенцијата на луѓето. Сепак здравствениот и економскиот интерес не мора да бидат во судир. Одговорот треба да биде поизнијансиран, а јавно здравствените мерки сразмерни на степенот на пренесување на болеста. Еластичноста и правењето градација на локалното ниво, е клучно во моментот, истакна д-р Скано.

Тој рече дека Владата и граѓаните треба да соработуваат за надминување на ситуацијата и да се прекине ланецот на ширење на заразата. Д-р Скано потенцира дека треба да се применуваат универзалните мерки за заштита: миење раце, држење дистанца и носење маска.

Тој истакна дека Република Северна Македонија била добар пример во Европа, за тоа како се справува со COVID-19 и верува дека ситуацијата со заразата повторно може да се стави под контрола. Во однос на олабавување на мерките, д-р Скано рече дека секоја држава презема такви олабавување, но дека е важно рано да се идентификуваат позитивните на коронавирусот. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе