Dacia Duster веројатно нема да биде понуден како целосно електричен автомобил во скоро време, изјави шефот на компанијата Денис ле Вот.
„Не знам кога тоа би можело да се случи. Има уште такви одлуки кои треба да се донесат, имајќи предвид дека новиот Duster сигурно ќе се продава уште осум години или подолго“, изјави Ле Вот за веб-страницата Autocar.
Тој додаде дека, барем до 2032 година, ќе има доволно „простор“ на пазарот за Duster да остане „главно базиран на мотор со внатрешно согорување“.
„Компанијата која ни е сопственик (Renault) се движи кон електрификација на автомобилите. Секако дека и Dacia се движи во таа насока, но не толку брзо. Ние нудиме алтернатива во секое време", изјави Ле Вот.
Тој рече дека моторите со внатрешно согорување се „срцето и душата“ на автомобилите на Dacia и дека „во одреден момент тие ќе завршат како целосно електричен бренд, но ќе зависи од поединечните модели, односно нивниот циклус кога ќе има нови“.