Дали епизодата на Black Mirror со Мајли Сајрус беше за судбината на Бритни?

Твитерџиите го разбрануваа интернетот со теоријата дека една епизода на популарната ТВ-серија „Black Mirror“ всушност ја раскажува голготата на поп-пејачката Бритни Спирс.

Се работи за епизода од петтата сезона на серијата, насловена „Rachel, Jack and Ashley Too“. Во епизодата, Мајли Сајрус ја игра поп-ѕвездата Ешли О, која е ограничена од нејзиниот менаџерски тим и нејзината тетка Кетрин, која ги контролира сите аспекти од нејзиниот живот.

Remote video URL

Ешли е принудена да настапува, иако тоа не ја прави среќна, а нејзиниот менаџер исто така ја принудува да зема лекови. Исто така, Ешли е под надзор цело време. Кога Ешли се буни, Кетрин ја дрогира, предизвикувајќи пејачката да заврши во кома, а нејзиниот тим сепак се обидува да заработи пари на нејзиниот лик користејќи ги нејзините мозочни клетки за нов албум, а ќе ја претворат и во холограм.

Фановите учествуваат во спасувањето на Ешли.

Дали оваа приказна ве потсетува на нешто? Да, истото го воочија и твитерџиите.

„Па таа епизода на Black Mirror со Мајли Сајрус всушност беше за Бритни Спирс“, гласи твитот што вирално се шири на социјалната мрежа.

URL

Кариерата на „Принцезата на поп-музиката“ сега е во рацете на законски старатели, откако таа имаше прилично јавна криза на менталното здравје пред 13 години. Спирс почна да се однесува неконтролирано во 2007 година, по разводот од Кевин Федерлајн во кој го изгуби старателството врз нивните две деца. Голем дел од нејзините наводни „нервни сломови“ се случија пред очите на медиумската јавност: Бритни се најде на насловните страници на таблоидите кога си ја избричи косата и беше фотографирана како удира со чадор по автомобилот на папарацо фотограф. Поп-пејачката имаше и неколку обиди за почнување психотерапија во установа.

Сега таа води правна битка против татко ѝ Џејми Спирс за прекин на договорот со кој тој има права на одлучување за нејзиниот живот и кариера. Деталите од договорот за законско старателство врз полнолетно лице никогаш не беа објавени за јавноста, но познато е дека Спирс има ограничувања на автономијата.

Бритни Спирс нема контрола врз нејзините финансии и кариерни одлуки од 2008 година наваму, согласно договор што во законите на САД се нарекува „conservatorship“. Според овој договор, таткото и адвокатот на Спирс менаџираат со нејзините финансии и личен живот, вклучувајќи забрана за посетители и комуникација со докторите во врска со нејзината терапија.

„Само сакам да си го вратам животот, поминаа 13 години и тоа е доволно. Доволно е и нема смисла воопшто... Јас завршив. Сакам да си го тужам семејството, да бидам целосно искрена“, рече таа во сведочењето пред судија минатата недела.

реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Кој ќе може да аплицира за „1.000 денари месечно за струја“?

Read more

Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Read more

Нова експлицитна сцена во The White Lotus предизвика закани за бојкот

Read more

Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на ќерката Роуз

Read more
 

Сцена

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова експлицитна сцена во The White Lotus предизвика закани за бојкот

Читај повеќе

Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на ќерката Роуз

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Читај повеќе

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Читај повеќе

Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Читај повеќе
  • filter

Објавени први фотки од новиот Mortal Kombat, обожавателите одушевени

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе