Дали фосил од сунѓер пронајден во Канада е остаток од најстарото животно?

Мала сензација се случи во светот на науката. Откриен е фосил во северозападна Канада, кој можеби би можело да ја преиначи историјата на светот на животните на планетата Земја.

Но, има еден проблем, има палеонтолози кои мислат дека пронајдената биолошка старина не е вистинска. Така барем пренесува престижното научно списание Nature.

Првите групи живи организми се појавиле пред околу 541 милиони години. Но, според овој нов научен труд, фосилот од сунѓер пронајден во областа на северозападот на Канада би можело да е постар дури 350 милиони години, што значително ќе го смени датирањето на најраниот животински свет на планетата Земја. Откривањето на древните останки, исто така предизвика дебата меѓу палеонтолозите кои долго време спорат кога настанала првата сложена форма на живот.

„Ако сум во право, тогаш животните се појавиле долго, долго пред да ги забележиме првите традиционални животински фосили. Тоа би значело дека историјата на животните е многу постара, но нивните остатоци не се толку добро сочувани“, вели авторката на студијата Елизабет Тарнер, геолог на Универзитетот Лорентиан во Судбери, Канада.

Сепак, постојат научници кои, врз основа на микроскопски примероци од фосил стар 890 милиони години, проучен од д-р Тарнер, не се убедени дека постои индикација дека станува збор за древен сунѓер, барем не според доказите презентирани во студијата Possible poriferan body fossils in early Neoproterozoic microbial reefs. Тарнер тврди дека ниту еден од организмите вклучени во изградбата на корални гребени, кои постоеле пред 890 милиони години, како што се цијанобактерии или алги, не може да ја објасни сложената структура на примероците што таа ги истражувала.

А ги собирала од древните микробни гребени сочувани во карпи во оддалечените области на северозападна Канада, на кои започна да работи како дипломец во 90-тите. Кога почнала да ги проучува парчињата камења под микроскоп, забележала разгранети мрежи од кристални цевчиња. Подоцна сфатила дека овие структури многу личат на внатрешните скелиња на денешните сунѓери, а нивното распаѓање и фосилизација соодветствуваат на оној на колагенскиот протеин кој го гради скелетот на сунѓерот.

„Ова се прекрасни карпи, но не очекувате дека во нив ќе најдете нешто толку комплицирано или чудно“, вели д-р Тарнер. Таквиот заклучок беше поттикнат од студии кои опишуваат слични структури во многу помлади карпи, од времето кога се знае дека постојат сунѓери, така што научничката беше сосема сигурна во нејзиниот заклучок. Но, некои ја побиваат, тврдејќи дека веројатно не се вистински фосили од сунѓер, а притоа се „бранат“ со модерна технологија. Тие фотографираа многу тенки парчиња примероци од камења што ги собраа и направија 3D модел од нив, што резултираше со форма на сунѓер.

Во секој случај, ако заклучоците на д-р Тарнер се точни, тоа значително ќе го смени датумот на почетокот на приказната за еволуцијата на животните. Научниците заинтересирани за ова откритие посочуваат дека не е особено тешко да се најде нешто што личи на сунѓер меѓу фосилите, проблемот е дополнителен доказ што би го поддржал тврдењето дека ова се навистина остатоци од сунѓер стари 850 милиони години. Има и такви кои не веруваат дека во карпите од таа возраст и вид навистина може да се зачуваат остатоци како оние кои ги најде д-р Тарнер. Не е невозможно да постоел жив организам пред камбриската експлозија. Ова би значело дека постоеле организми кои преживеале исклучително тешки, практично невозможни услови за живот на Земјата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе