СО СВОЈ КАМЕН ПО ГЛАВА

Дали климатските промени ќе предизвикаат истребување на човештвото?

Ефектите од климатските промени со високите температури, посилните урагани, засилените поплави и подолгата и потешка пожарна сезона стануваат наша реалност.

Научниците предупредуваат дека занемарувањето на климатските промени ќе донесе „невидено страдање“ за човештвото. Но, ако работите се влошат, дали климатските промени може да предизвикаат луѓето да исчезнат?

Научниците предвидуваат голем број катастрофални сценарија ако климатските промени не се држат под контрола, но ако ги земеме предвид само директните влијанија, има добра вест; тешко дека ќе предизвика наше истребување.

Сепак, можно е климатските промени да продолжат да ги загрозуваат животите на стотици милиони луѓе, на пример, да доведат до недостиг на храна и вода, што има потенцијал да поттикне социјален колапс и да постави терен за глобални конфликти низ целиот свет, открива истражувањето.

Според научниците, глобалното зголемување на температурата од 5,4 степени Целзиусови или повисоко може да доведе до колапс на нашата социјална инфраструктура и масовни немири и конфликти, што пак може да доведе до иднина што личи на некои холивудски дистописки филмови.

Еден од начините на кои климатските промени можат да предизвикаат социјален колапс е да се создаде несигурност во снабдувањето со храна. Глобалното затоплување има голем број негативни влијанија врз производството на храна, вклучително и зголемување на дефицитот на вода и со тоа намалување на жетвата.

Сите главни настани за масовно истребување во историјата на Земјата вклучуваат некакви климатски промени. Тука спаѓа ладењето пред околу 440 милиони години, што избриша 85% од видовите и затоплувањето пред околу 200 милиони години.

Научниците не знаат зошто неандерталците исчезнале пред околу 40.000 години, но климатските флуктуации се чини дека ја поделиле нивната популација во помали, фрагментирани групи, а тешките температурни промени влијаеле врз растенијата и животните на кои се потпирале во нивната храна.

Денес живееме во глобална, меѓусебно поврзана цивилизација, но има причина да се верува дека нашиот вид би можел да го преживее својот колапс. Студија објавена на 21 јули во списанието Sustainability идентификуваше земји кои најверојатно ќе го преживеат глобалниот социјален колапс и ќе го одржат својот комплексен начин на живот. Пет островски земји, вклучувајќи ги Нов Зеланд и Ирска, беа избрани затоа што може да останат населиви преку земјоделство, благодарение на релативно ниските температури, ниските временски промени и другите фактори што ги прават поотпорни на климатските промени.

Иако избегнувањето на целосно истребување не звучи премногу оптимистички, има причина за надеж. Експертите велат дека не е предоцна да се избегнат најлошите сценарија со значително намалување на емисиите на стакленички гасови.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе