Дали Шарената Револуција си ги изеде децата?

Шарената револуција, граѓанското движење кое се одвиваше од 12 април до средината на јуни 2016 година, деновиве одбележа пет години од почнувањето.

По повод петгодишнината, ДИЈАЛОГ - Центар за делиберативна демократија од Прилеп спроведе анкета со нејзините учесници и поддржувачи. Прашалникот беше споделуван онлајн во периодот јануари-февруари 2021, а опфатени се вкупно 289 испитаници (163 од кои преку методот на снежна топка, а 126 преку јавна објава на интернет).

„Споредено со теренското истражување на ДИЈАЛОГ за време на ШР во 2016 година (каде добиваме јасен преглед во демографската структура на демонстрантите), овој примерок во голема мера ги отсликува мислењата на сите категории освен на демонстрантите на возраст над 60 години (особено пензионерите) и оние со средно образование. Дури 65,4% од испитаниците биле редовни учесници на протестите“, вели д-р Јосипа Ризанкоска, претседателка на ДИЈАЛОГ за резултатите од анкетата.

Шарената револуција остави многу неодговорени прашања зад себе, најмногу околу организацијата и вистинските цели на протестното движење од чии редови се премина во гарнитурата на власт. Исто така се отвори дилемата дали Револуцијата му направи „мечкина услуга“ на протестот како алатка за граѓанска вклученост и активизам. Резултатите од истражувањето на ДИЈАЛОГ даваат увид во денешната перспектива на демонстрантите.

„Мислењата на испитаниците се поделени кога станува збор за вклучувањето на претставниците од ШР на изборните листи и станувањето дел на некои од нив од државните институции (дури и до ниво на министри). Иако противниците на ШР секогаш ги истакнуваат овие аспекти, па кога ги критикуваат крајните резултати на движењето низ добро познатата синтагма ‘револуцијата си ги изеде децата’ најчесто мислат на оваа вклученост на дел од демонстрантите во институциите, во суштина, не е непознато и нелегитимно движењата на отпор да преминат во институциите. Но она што ја објаснува таа разочараност за која постојано се зборува е (не)успехот на овие претставници ревносно да ги застапуваат идеалите на движењето во новата Влада и да направат суштинска примена на системот пред замена“, смета Ризанкоска.

„Тука, оцената од страна на испитаниците е ниска (57% мислат дека воопшто не придонеле за реализација на целите на ШР, 28% донекаде да и 8% да). Овие оцени особено се рефлектираат во прашањето за (не)успешноста на новата Влада да се справуви со политичарите и олигарсите од ‘бомбите’ и случајот ‘Рекет’ (инволвираноста на Специјалната јавна обвинителка во него) кој на некој начин го ‘уништи’ симболот на движењето“, објаснува претседателката на ДИЈАЛОГ.

Јосипа Ризанкоска, лична архива

Голем  број од оние кои што учествува во Шарената Револуција, сега се дел од извршната власт, пишува Тв21, која стапи во контакт со поранешниот пратеник и член на ШР, Павле Богоевски. Но, тој смета дека со влегувањето на одредени индивидуи од Шарената во редовите на извршната, законодавната, па и локалната власт, не предизвикало намалување на симпатиите за Шарена Револуција.

„Предизвика за намалување на симпатиите за оние луѓе кој што се одлучија да влезат ама тоа требаше да биде очекувано. Заслугите, прекорите и критиките по завршувањето на Шарена Револуција треба да бидат индивидуални односно не можеме за резултатите од работењето на сите луѓе што од улица влегле во институциите да ставаме критики или заслуги на целата Шарена Револуција“, вели Богоевски за Тв21.

Мариглен Демири, поранешен активист, истражувач и еден од авторите на студијата на ДИЈАЛОГ, објаснува дека анкетата укажува на тоа дека за анкетираните учесници во Шарената Револуција граѓанското општество во Македонија нема слободна иницијативност, уште помалку, таа е во функција на коригирање на структурите на власта.

„Според анкетираните, 61,6% сметаат дека граѓанското општество не е успешен коректор на власта и дека истото е контролирано од страна на странски донатори (до некаде да 47,4% и 19,7% да). Контролата врз граѓанското општество, според анкетираните е воспоставена и од страна на политичките партии (донекаде да 38,1% и да 48,8%) и домашни финансиски моќници (донекаде да 32,9% и да 35,6%)“, вели тој укажувајќи на податоци од истражувањето.

Од друга страна пак, вели Демири, анкетата покажува дека силата на протестите и на активизмот не бледее кај поддржувачите и активистите на Шарената Револуција, иако низ социјалните мрежи деновиве имаше големи апели до активистите на Шарената Револуција кои подоцна станаа дел од некои од структурите на системот (било законодавна, било извршна власт).

Мариглен Демири

Иако на прашањето „Дали од денешна перспектива сметате дека Шарената Револуција си ја исполни својата цел?“ афирмативниот и негативниот одговор се речиси блиску, да 10% и донекаде да 41% (вкупно 51%), за не 46%, сепак на следното прашање „Дали од оваа перспектива повторно би учествувале во Шарената Револуција?“ одговорите Да 48% наспроти Не 32% го оставаат отворен потенцијалот кај поранешните поддржувачи и активисти на Шарената Револуција иако разочарувањето е евидентно, смета Демири и додава:

„Со тоа, без разлика на амбициите на учесниците на оваа протестна иницијатива во минатото, добар дел од нив, дури и доколку денес се создадат услови за граѓански протести би се приклучиле. Самото учесто во Шарената Револуција, 32% од анкетираните ги мотивира да излезат на протести повторно, а 7% ги мотивира да поддржат такви движења“.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Македонија

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе