Суд во Барселона донесе одлука за ослободување на Дани Алвес од затвор со кауција од еден милион евра до конечната пресуда за Бразилецот.
Да потсетиме, Алвес беше затворен во процесот во кој беше одлучено дека силувал 23-годишна жена во ноќен клуб во Барселона на крајот на 2022 година.
Еден од најтрофејните фудбалери во историјата неправосилно е осуден на четири и пол години затвор поради силување. Одлучено е дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна девојка во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона. Судењето на поранешниот фудбалер заврши на 7 февруари годинава, а 15 дена подоцна ја дозна пресудата.
Обвинителството побара од девет до најмногу 12 години затвор. Адвокатите на Алвес го бранеа со фактот дека бил пијан. Претходно, неговото барање за кауција беше одбиено поради стравувањата дека ќе побегне во Бразил, кој не ги екстрадира своите државјани осудени на затвор во други земји. Се тврди дека стравот од ова сега е намален.
Алвес е приведен од 20 јануари минатата година. Тоа значи дека таму поминал една година и два месеци. Тоа време се смета за издржување на казната на која е неправосилно осуден. Така се доаѓа до тоа како Алвес, и покрај тоа што во средината на февруари беше осуден на 4,5 години затвор за тешко кривично дело, веќе во мај годинава може да биде на слобода.
Причината е одредбата на шпанскиот закон според која по отслужување на третина од казната може да побара предвремено ослободување. Покрај паричната казна од 150.000 евра, на Алвес му беше изречена забрана за пристап до жртвата во период од девет и пол години, а во следните пет ќе биде надгледуван на слобода.