Дани Алвес одби посета од мајка му, се срами да го види в затвор

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес одбил посета од мајка му во затворот во Барселона, а во исто време изјави дека е подготвен да се справи со сè што го чека.

Мајка му Лусија пристигнала во Барселона од Бразил, но Дани бил категоричен и ја одбил посетата наведувајќи дека се срами и не сака мајка му да го види во затвор.

Сепак, двајцата разговарале по телефон, а мајка му останала во хотел во Барселона за да остане блиску до синот.

Во исто време, весникот La Vanguardia пренесува дека Алвес се огласил за прв пат откако е зад решетки. Во разговор со други затвореници, рекол:

„Ќе прифатам што и да се случи. Не се плашам од ништо. Излегов од дома на 15 години, поминав низ потешки искушенија од ова. Не се плашам од ништо", ги пренесува каталонскиот весник неговите први зборови од затвор.

Неговиот адвокат Кристобал Мартел ќе поднесе жалба во текот на денот и ќе побара негово привремено ослободување во следните неколку недели.

Адвокатскиот тим на Алвес смета дека има доволно аргументи за привремено ослободување, и тие се подготвени да дадат гаранции дека бразилскиот фудбалер нема да ја напушти земјата.

Да потсетиме, Алвес е обвинет од девојка која во изјавата во полиција рекла дека на 30 декември, Бразилецот ја однел во тоалетот во ноќен клуб каде и двајцата се забавувале, ја заклучил таму и сексуално ја нападнал.

Доколку биде прогласен за виновен, Алвес се соочува со затворска казна од 4 до 12 години и многу веројатно крај на кариерата.

Тагови
реклама

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе