Дани Алвес осуден на 4,5 години затвор

Шпанскиот суд го осуди легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес (40) на 4 и пол години затвор за сексуален напад во Барселона на 30 декември 2022 година.

Притворен во Барселона од 20 јануари 2023 година, на Дани Алвес му се суди од почетокот на февруари таа година, а денеска ја дозна конечната пресуда.

Според обвиненијата, Алвес сексуално нападнал девојка во ноќниот клуб „Sutton“ во Барселона ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година. Од 20 јануари 2023 година фудбалерот е во превентивен притвор, а условниот отпуст во неколку наврати му беше одбиван поради големиот ризик од бегство бидејќи Бразил нема договор за екстрадиција.

Пред судот сведочеа и жртвата, нејзиниот братучед, пријателите, портирот на ноќниот клуб и двајца келнери. Гласот на жртвата бил искривен за да се спречи нејзиното идентификување, а на крајот Алвес бил прогласен за виновен.

Обвинителството побара максимална казна од 12 години, а одбраната како олеснителна околност го наведе фактот дека Бразилецот бил пијан.

Дани Алвес мора на жртвата да ѝ исплати 150.000 евра и да ги плати трошоците за судењето. Тој е осуден и на 9 години и 6 месеци забрана за пристап и комуникација со жртвата.

По оваа судска одлука, одбраната на бразилскиот фудбалер сепак може да поднесе жалба до Високиот суд на Каталонија, а потоа, доколку пресудата остане неповолна, и до Врховниот суд.

URL

Дани Алвес никогаш официјално не ја заврши кариерата, но јасно е дека заврши со играњето фудбал на највисоко ниво. Неговиот последен ангажман беше во мексиканскиот УНАМ, а претходно играше за Барселона, Саун Паулу, ПСЖ, Јувентус, Севиља и Баиа.

Најдлабока трага остави во Барселона со 408 настапи, а со 43 освоени трофеи во текот на кариерата е меѓу најтрофејните фудбалери на сите времиња. За репрезентацијата на Бразил има 126 настапи.

Тагови
реклама

Фудбал

Матео Ратеги нема да игра во двомечот против Германија

Read more

Драматично кај Французите: Мбапе предложил Зидан да го замени Дешан

Read more

Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Read more

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Read more
 

Спорт

Италија му нуди пасош на ДиВиченцо

Читај повеќе

Матео Ратеги нема да игра во двомечот против Германија

Читај повеќе

Драматично кај Французите: Мбапе предложил Зидан да го замени Дешан

Читај повеќе

Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Роденденецот Зубац доминираше над најдобриот тим во НБА

Читај повеќе

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе

Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Читај повеќе