Дани Алвес се обидува да ја намали казната

Макфакс/Кајгана
/ 16.10.2023 / 11:07

На Бразилскиот фудбалер Дани Алвес (40) ќе му се суди за сексуален напад, казнена категорија која вклучува силување, во Шпанија. Поранешниот бразилски репрезентативец и ѕвезда на трофејната генерација на Барселона се соочува со обвиненија за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона на 31 декември 2022 година.

Дани Алвес почетокот на судењето го чека во затвор, каде што е од јануари, а доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од шест до 12 години.

El Español објави дека Алвес ја променил стратегијата. Тој го отпушти адвокатот Кристобал Мартел и ја ангажирал Инес Гуардиола, адвокатка специјализирана за сексуални напади и кривично право.

Шпанскиот новинар Карлос Куилес наведува дека Алвес „ќе се обиде да ја намали казната што е можно повеќе“.

Според извори на El Español, Алвес ќе ѝ плати финансиска отштета на жртвата и ќе ја признае вината. Да потсетиме, Алвес пет пати ја менуваше изјавата, а секој пат тврдеше дека не е виновен.

Алвес ја започна својата кариера во својата татковина во Баиа, а потоа играше за Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Саун Паолу и мексикански УНАМ.

Во текот на кариерата освои дури 40 трофеи. Најмногу успеси имаше со Барселона, со која освои 23 трофеи, 6 со ПСЖ, 5 со Севиља, 4 со репрезентацијата на Барзил и 2 со Јувентус.

Притоа освои 3 титули во Лига на шампиони, а со Бразил двапати беше шампион на Јужна Америка. Во својата кариера одигра 909 натпревари, постигна 65 гола и забележа 216 асистенции.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе