Де Брујне во јануари ќе се сели кај Роналдо и Мане

Кајгана/Макфакс
/ 31.10.2023 / 12:09

Кевин Де Брујнe по повеќе од осум години го напушта Манчестер Сити и најверојатно од јануари кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал Наср од Саудиска Арабија. Работата наводно е веќе договорена, пишува La Gazzetta dello Sport.

Кевин Де Брујне од крајот на минатата сезона има проблем со повредите. И повеќе од јасно е дека неговото тело повеќе не може да ги издржи напорите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Поради тоа во јануари е подготвен да им се приклучи на Кристијано Роналдо, Садио Мане, Марцело Брозовиќ и поранешниот соиграч од Сити, Емерик Лапорт, во Ал Наср.

La Gazzetta dello Sport, пишува дека Де Брујне ја договорил платата и дека таа ќе биде значително поголема од онаа што ја има во Сити. Годишната плата на Белгиецот во Манчестер Сити изнесува 20.800.000 фунти.

Кевин Де Брујне пристигна во Манчестер Сити во 2015 година од Волфсбург, за сума од 76.000.000 евра.

Во изминативе осум години за „Граѓаните“ одигра 358 натпревари и има учинок од 96 голови и 153 асистенции. Освои 5 титули во Премиер лигата, 1 во Лигата на шампионите, 2 ФА купа, 5 ЕФЛ купови и Комјунити шилд.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе